Утре заедничка Владина седница на Македонија и Албанија - Канал 5

Утре заедничка Владина седница на Македонија и Албанија

Претставниците на Владите на Република Македонија и на Република Албанија, утре ќе ја одржат заедничката меѓувладина седница во Поградец, Албанија.

Утре заедничка Владина седница на Македонија и Албанија
Попладне пред хотелот Химети Палас во Поградец, премиерот Рама и владините претставници на Р.Албанија ќе организираат свечен пречек за премиерот Заев и македонската владина делегација. Потоа, во хотелот ќе се одржи меѓувладината седница на која ќе има воведни обраќања од премиерите Заев и Рама, а на крајот и церемонија на свечено потпишување на документи за соработка. По завршување на седницата, во 16:30 часот премиерот на Р.Македонија, Зоран Заев и премиерот на Р.Албанија, Еди Рама ќе одржат заедничка прес конференција.

На заедничката меѓувладина седница ќе се разговара на повеќе теми за унапредување на билатералната соработка во областа на инфраструктурно поврзување, изградба на Коридорот 8, олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Конкретно, на седницата е планирано да се потпишат неколку документи за соработка, вклучувајќи план за консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави, меморандум помеѓу министерствата за внатрешни работи за соработка во областа на внатрешна контрола, како и формирањето на мешовит комитет за економска соработка. Од ресорот на образование и наука, ќе се потпишува и меморандум за интензивирана билатерална соработка преку Институтот за културно и духовно наследство на Албанците од Р.Македонија. Дополнително ќе се потпишува меморандум за соработка во борбата против насилен екстремизам и радикализам, како и договор за соработка во спречување на кризи.

Следното утро, премиерите Заев и Рама во придружба на владини претставници ќе одат во Пустец каде ќе се сретнат со претставници на локалната самоуправа и ќе го посетат училиштето каде ќе донираат опрема за учениците.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Македонската одбојкарска репрезентација денес во Летонија, загуби од Грција со 0:3 (22:25, 21:25, 20:25) од Грција во четвртиот натпревар од годинешното издание на Европската Златна лига.

Македонските одбојкари поразени од Грција

Ова беше трет пораз за „црвено-жолтите“.

По вчерашната победа во пет сета над Летонија селекторот Јошко Миленковски денес комбинираше со составот и им даде повеќе простор за игра на помладите играчи, кои во иднина ќе бидат носители на играта во репрезентацијата.

Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов и Филип Савовски со по осум поени беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонија последниот турнир, следниот викенд 20-22 јуни го игра пред својата публика во Струмица.

притисни ентер