Утре втор уписен рок за полуматурантите, слободни 16.034 места во средните училишта - Канал 5

Утре втор уписен рок за полуматурантите, слободни 16.034 места во средните училишта

Утре почнува вториот уписен рок во средните училишта.. 

Утре втор уписен рок за полуматурантите, слободни 16.034 места во средните училишта

Над 16.000 места се слободни за полуматурантите кои на првиот уписен рок не усепаа да се запишат во средно училиште. Од утре започнува електронското пријавување за упис, а документите до училиштата учениците треба да ги достават на 1 јуни. Јаневска потсетува дека онаму каде што ќе има повеќе пријавени ученици, на 4 јули ќе се одржи приемен испит. Според неа, новите законски измени со кои од идната година во основните и средните нема да може да се поправаат оценки на наставнички совет, ќе овозможат реално оценување, наместо огромен број ученици „со сите петки“ кои мака мачат да се запишат во средно училиште.

„ Пораката е јасна ако сакате добра оценка морате да учите. Истото идната година ќе го направиме и за учениците во средно образование. Но, можноста не им е земена доколку сакаат да ја поправат оценката и сметаат дека се обезправени или доучиле можат да излезат на испит пред комисија од 3ца да го полагаат испитот, ако добијат поголема оценка и таа ќе им биде заведена. Целокулната ситуација и од наставниците и од родителите и самите нив им дава лажна слика, бидејки тие се скроз одлични. Кога ќе влезат на вакво тестирање де-факто откриваат кој колку знае.“

Но дали сумираните податоци по вториот уписен рок, ќе покажат дека продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на ученици? Спроед податоците од Центарот за граѓански комуникации за една деценија бројот на ученици во основните и средните училишта е намален за 27 илјади. Само од учебната 2022/23 до учебната 2023/24 бројот на средношколци се намалил за речиси 2000. Јаневска вели е оптимист во однос на овогодинешните бројки, а за да се намали одливот на мозоци потребно е повеќе фокус да се стави на дуалното образование и да се олесни пристапот до пазарот на трудот веднаш по завршувањето на образованието.

„Никаде во светот не се пренасочуваат сите ученици кон високото образование затоа што државата има потреба од различни кадри и профили. Она што е правено во минатото повеќе години, не само за оваа е да се посвети повеќе внимание на средното стручно образование, особено на дуалните паралелки или учењето преку работа. Овозможувањето и на учениците и на студентите веднаш да влезат на пазарот на труд ќе им овозможи да посакаат повеќе да останат во сопствената земја одколку да одат надвор да си ја бараат среќата. “

Јаневска најави дека следните уписи во средните училишта ќе бидат поедноставни. Учениците ќе имаат можност електронски да ја поднесат целата документација за упис, без дополнително да ја носат и во училиштата.

Дополнително, Јаневска уверува дека оваа учебна година, ќе започне со комлетирани учебици за сите одделенија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. 

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат! 

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а актерката беше фотографирана за прв пат со своето новороденче за време на опуштена прошетка низ улиците на Њујорк, објави ТМЗ.

Во вторник, 17 ноември, Ен беше видена во друштво на пријателка, додека го носеше бебето во носилка закачена на градите. Изгледаше многу весела, разговараше, се смееше и уживаше во прошетката, а во еден момент дури и застана да направи неколку фотографии со својата пријателка. Иако е навикната на вниманието на јавноста, актерката овој пат беше во сосема поинаква улога, посветена на најмладиот член од нејзиното семејство.

Веста за новото бебе беше особено радосна за нејзините обожаватели, кои ја следеа нејзината трета бременост во претходните месеци. Ени објави во јуни оваа година дека очекува бебе, и тоа на многу нежен начин. Таа сподели фотографија на Инстаграм во бел комбинезон, откривајќи го својот труднички стомак, со натпис „Бебе, јас сум твоја“.

Актерката и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого е во брак од 2012 година, веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Нивниот прв син е роден во 2016 година, а вториот во 2019 година, па доаѓањето на нивното трето дете го прошири нивното семејство на пет члена.

Интересно е што за време на гостувањето во шоуто на Сет Мејерс, Ени зборуваше за изненадувањето што го донесе нејзината трета бременост. Таа призна дека таа и нејзиниот сопруг биле изненадени кога дознале дека повторно очекуваат бебе, а на шега го нарекле своето ново бебе свое „чудно“ дете, алудирајќи на неочекуваниот, но совршен момент.

Името, полот и точниот датум на раѓање на бебето сè уште не се откриени. Сепак, првите сцени на актерката со новороденчето веќе предизвикаа голем интерес, особено затоа што Ени и Адам се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца и ретко ги покажуваат на јавноста.

За актерката, ова е особено убав крај на исклучително напорна година. Покрај семејните промени, 2026 година беше обележана и со бројни филмски проекти, вклучувајќи го и враќањето во улогата на Енди Сакс во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер