Утре во Србија,парламентарни, покраински и локални избори - Канал 5

Утре во Србија,парламентарни, покраински и локални избори

Поради епидемијата од корона вирус наместо на 26 април, Србија утре, на 21 јуни гласа на редовните парламентарни, покраински и локални избори. 

Утре во Србија,парламентарни, покраински и локални избори

Своето гласачко право ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 90 места во Косово и во 42 амбасади на Србија.

Граѓаните на Србија ќе бираат пратеници за Националното собрание, во кое има 250 пратенички места. Истиот ден, граѓаните на Автономната покраина Војводина ќе избираат и 120 пратеници на Покраинското собрание, а ќе се гласа и за локалните собранија во градовите и општините на Србија.

Овие избори во Србија, од доаѓањето на демократијата и повеќепартискиот систем ќе останат забележани по две карактеристики. Едната е епидемијата на коронавирус, вонредната состојба и полицискиот час, поради што тие беа одложени за в недела на 21 јуни, во услови на се уште прогласена состојба на епидемија. Поради тоа, Републичката изборна комисија (РИК) пропиша дека на сите членови на избирачките одбори утре ќе им бидат обезбедени одредени мерки на заштита, маски и ракавици. Самите гласачи не мора да носат маски, но РИК препорача истите да се носат и за сите гласачи обезбеди маски за денот на гласање.

Втората карактеристика на утрешните избори е прогласениот бојкот на поголемиот дел на опозицијата, собрана околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС). Овој дел од опозицијата смета дека во Србија не постојат минимални услови за одржување фер и демократски избори и дека со учеството на изборите се дава легитимитет на власта чиј бастион е Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА.

Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета.

Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

„Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците.

Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија.

„Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи.

Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер