Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
1Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
1Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
КултураУтре во Битола, започнува 16-то издание на Локум фест - музика и традиција 2022Утре во Битола започнува 16-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2022.Во пресрет на шеснаесетото издание на Балканскиот етно фјужн фестивал„ Локум фест - музика и традиција“ 2022, возбудата расте како кај организаторот така и кај публиката.Најавени се имињата кои ќе настапат оваа година, и останатиот дел од програмската соддржина. Локум фест е фест е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон истата. Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам и секако за кафе со локум како синоним за средба, со години се празни, а објетите ги јаде времето. Амбиенталната архитектура, сведок на едно време, се повеќе се стилизира или распаѓа, а со тоа и нашата врска со минатото.Отаму и е мотивот и идејата за фестивал кој ќе ги спои во еден концепт:музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство. Музичкиот концепт е јасен во својата намера да промовира македонски ансамбли кои негуваат стилови на традиционална музика за што сведочи долгата листа на досегашни учесници како: Чалгија саунд ситем, Баклава, Љубојна,Тони Китановски и Черкези, Кинг Велинов и Кочани оригинал оркестар,Вања Лазарова, Драган и Ратко Даутовски, Влатко Стефановски...Од региониот на Локум фест настапиле бројни ансамбли од етно-фјужн музика од Унгарија Полска,Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Грција, додека светските имиња доаѓаат од Индија, Египет, Јапонија, Бразил, Данска, Шведска, Финска и др. Ова година започнуваме н а 21.07 на платото на Офицерски дом со македонската етно група „Монистра“ кои одбележуваат 20 години постоење, за да продолжиме со фантастичните момци од Бретања-Франција, PLANTEC ,чија што звук е спој на традиционална и електронска музика, за наредниот ден на 22.07 на истото место промовираме ладино албумот на американката Сара Ароесте „Монастир“ посветен на Битола, со музичари од Израел и Македонија, а вечерта да ја завршиме со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион“. Традиционално фестивалот се сели во старата битолска чаршија каде се предвидени работилници за музичко новинарство и промоција на магазинот „Етноумље“, со гостите од Србија, како и Саем на ракототворби со ЗУР „Македонски ракотоворби“ и изложбата подготвена од нашите партнери Државен архив - одделение Битола, насловена како„Данабаш низ архивскиот материјал - Раскошот и проклетството“. Музичкиот дел секако ни ги носи нашите стари пријатели и чувари на традицијата, Пензионерското пеачко друштво „Сирма Војвода“ од Битола,тајфата „Антико“ и специјалните гости , џипси - ска бендот „Gipsy Groove“. Локум фест од неодамна е членка на Европската фестивалска мрежа за Балканот „MOST“ што значи нејзино европско легитимирање и далеку побогаа програма. Фестивалот е финансиран од Министерство за култура како проект од национално значење,и секако од Општина Битола, која дава силна поддршка. Локум фест е еден од ретките фестивали кои сеуште смело стои на браникот на одбраната на културата од се поголемата естрадизација на истата промовирајќи трајни вредности наместо само забава. Културата може да биде забавна, но културата не е забава.Токму и таков однос треба да имаат оние кои ја субвенционираат културата, а потребна е и дебата и интервенција во законот за спонзорства и донации каде јавниот интерес во културата е изедначен со естрадата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС„Браќа и сестри, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што не поврзува, да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. „Нема да не прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да не паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од завршниот митинг во општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори. Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДС кога учебници за нивните деца во училиште немаше и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година. „Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 24,25 месеци од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно“, рече Мицкоски. Мојата порака вечерва, додаде Мицкоски, е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДС им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале. „И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат“, порача Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакамеИзборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница. Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги. „Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски. Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет. „Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски. Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка. „Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаРадичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ja развиваме БрвеницаНа денешниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски.На денешниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски кој истакна дека развојот на една општина не се темели само на добри намери, туку на јасна визија, посветена работа и конкретни резултати и посочи дека во изминатиот период преку реализацијата на инфраструктурни капитални инвестиции во населените места, се создаваат услови за подобар живот на граѓаните и искористување на потенцијалите на општина Брвеница. „Ништо не се постигнува со добра намера, потребни се организација, истрајност, знаење, соработка, луѓе кои се подготвени да работат за заедничка цел. Политиката има вистинска вредност само тогаш кога резултатите од неа го чувствуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ тоа успешно го покажа изминатиот период преку неселективниот пристап на распределба на инфраструктурни капитални инвестиции низ сите населени места во нашата општина. Брвеница има потенцијал, нашата задача е тој потенцијал да го претвориме во можности и конкретни резултати“, рече Радичевски. Радичевски посочи дека во првите 100 дена фокусот ќе биде ставен на утврдување на состојбата со започнатите проекти и дефинирање јасни приоритети за понатамошен развој на општина Брвеница, и дека посебен акцент ќе има на подобрување на локалната инфраструктура, водоснабдувањето и канализациските мрежи, како и на иницијативата за изградба на клучка кон автопатот и развојот на индустриската зона. „Во првите 100 дена ќе се посветиме на утврдување на состојбата со започнатите проекти, обврските на општината и можностите за непречено продолжување. Ќе поставиме јасни приоритети, рокови и одговорности. Ќе продолжиме да работиме на подобрување на локалната инфраструктура, на реконструкција на патиштата, на водоснабдувањето, на канализациските мрежи, на условите за живот во сите населени места. Ќе ја покренеме иницијативата за изградба на клучката кон автопатот, посебно внимание ќе посветиме на индустриската зона Брвеница на подобрување на условите за работа и создавање услови за нови инвестиции, ќе ги поддржуваме и малите бизниси, младите претприемачи преку иницијативите Млади со идеи, мој бизнис, моја општина. Доградбата на детската градинка во Брвеница и изградба на нова градинка во Челопек се важни и приоритетни, нашите повозрасни сограѓани заслужуваат почит и грижа, отворање на Дом за стари лица со капацитет до 50 корисници“, рече Радичевски и додаде: „Ве повикувам, да ја сочуваме силата на единството, да ја избереме иднината и заедно да ја изградиме една Брвеница за сите. На 18 Октомври со вашата поддршка да гласаме за број 1, за Брвеница во која ќе се гордееме со постигнатото“, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook