Утре сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степен.

Во Скопје претежно сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Од среда до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени, велат од УХМР.

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор.

- Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х.

Тој додаде дека Естонија за овој проблем ќе разговара во рамките на НАТО и Европската унија, а веќе разговарала и со властите на Летонија, Литванија, Финска и Шведска.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина

Ситуацијата во Босна и Херцеговина е тема за која вечерва ќе разговара Советот за безбедност на ОН, на барање на Русија.

Ситуацијата во Босна и Херцеговина е тема за која вечерва ќе разговара Советот за безбедност на ОН, на барање на Русија, што е дел од кампањата со која политичарите на босанските Срби и Србија се обидуваат да го спречат усвојувањето во ОН на резолуцијата со која 11 јули ќе биде воведен како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Дебатата за ситуацијата во БиХ е закажана за 22 часот по средноевропско време, а Русите побарале на неа да зборува Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на БиХ, додека САД побарале пред неа да зборува високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид.

Конечната одлука за овие барања ќе биде донесена на самата седница на Советот за безбедност.

Цвијановиќ ќе мора да зборува во онлајн формат бидејќи е под американски санкции, па и е забрането да патува во таа земја, а доколку се појави пред учесниците на седницата на Советот за безбедност, тоа ќе мора да го направи само во лично име бидејќи нема согласност од другите двајца членови на Претседателството на БиХ.

Доколку, според работната верзија на резолуцијата, тој документ се сведе на потсетување на повеќе од осум илјади жртви на геноцид и повикување на почитување на пресудите донесени од судовите на Обединетите нации и не дозволување негирање на геноцидот и глорификација на сторителите на злосторството, функционерите на Република Српска и Србија упорно инсистираат на тврдењето дека со тоа се сака да се наметне колективна вина на сите Срби и етикета на геноциден народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот призна дека, и покрај дипломатската офанзива на Белград, не успеале да убедат доволен број земји-членки на ОН да не ја поддржат резолуцијата чии формални предлагачи се Германија и Руанда, а спонзорирана од највлијателните западни и муслимански земји.

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик беше особено огорчен од фактот што и Црна Гора најави дека ќе ја поддржи резолуцијата.

Расправата за резолуцијата за Сребреница, која се очекуваше на седницата на Генералното собрание на ОН на 2 мај, е одложена поради дополнителни консултации и најверојатно ќе се одржи по 10 мај.

Селин Дион: Учам да живеам со болеста

Канадската поп-пејачка Селин Дион се најде на насловната страница на француското издание на „Вог“. 

Во интервјуто за списанието, таа проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

- Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега - со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

- Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам... Гласот... Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора - да тренира или целосно да се повлече.

- Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома... Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

- Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим - сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

- Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата. /МИА

притисни ентер