Утре Шведска прв противник на македонските ракометари на СП во Египет - Канал 5

Утре Шведска прв противник на македонските ракометари на СП во Египет

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за лет до Египет  каде  денеска започнува Светскиот шампионат.

Утре Шведска прв противник на македонските ракометари на СП во Египет

По откажувањето на Чешка поради големиот број на позитивни ракометари на корона црвено жолтите како прва резерва експресно го прифатија новиот предизвик за повторно учество на смотрата на најдобрите светски селекции.

Според последните информации чартерот со нашите најдобри ракометари по 14 часот е планирано да полета за Египет.

Македонската репрезентација во значително подмладен и променет состав, ќе биде дел од групата Г заедно со селекциите на домаќинот Египет, Шведска и Чиле.

Распоред на натпревари:

14.01.2021 Македонија – Шведска 20:30 часот

16.01.2021 Македонија – Египет 18:00 часот

18:01.2021 Македонија – Чиле 15:30 часот

Нашиот прв противник Шведска на Мундијалот во Египет допатува со значително ослабен и изменет состав, без ѕвездата Никлас Егберг, кој се повлече од националниот тим, повредениот голман Микаел Апелгрин, и без Јаспер Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон.

Селекторот Данило Брестовац на светскиот ракометен шампионат во Египет одлучи да поведе подмладен состав , без Борко Ристовски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, предводен од искусните Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Никола Митревски.

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски

ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски

ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски, Ненад Костески

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ

СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски договор во Брисел: ЕУ и Јужна Кореја ги здружуваат силите

 Европската унија и Јужна Кореја  потпишаа договор за дигитална трговија, кој го олеснува прекуграничното работење во дигиталната средина и дополнително ги зајакнува економските врски на двете страни.

Историски договор во Брисел: ЕУ и Јужна Кореја ги здружуваат силите

Договорот беше потпишан на самитот ЕУ-Јужна Кореја во Брисел, прв по три години, во време на зголемена геополитичка неизвесност предизвикана од трговски спорови, ограничувања на извозот и воени конфликти во Украина и Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Договорот за дигитална трговија го надополнува постојниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Јужна Кореја, кој стапи на сила во 2011 година.

Новиот договор предвидува олеснување на прекуграничниот проток на податоци, меѓусебно признавање на електронските договори и електронските потписи, како и воспоставување заеднички правила за заштита на потрошувачите во дигиталната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го објави освојувањето на Харга, а потоа се предомисли во рок од половина час

САД започнаа нова рунда напади врз повеќе цели во Иран преку ноќ, соопшти американската војска, додека претседателот Доналд Трамп вети повеќе напади доколку не се постигне мировен договор. 

Трамп го објави освојувањето на Харга, а потоа се предомисли во рок од половина час

Иран одговори со контранапади врз американски цели во Кувајт и Бахреин.

Трамп има нова објава за Иран на Truth Social. Тој најави нови жестоки напади врз Иран и заземање на островот Харга и преземање на иранската нафта. Го пренесуваме соопштението во целост: „Соединетите Американски Држави вечерва ќе удрат многу силно врз Иран, чија морнарица, воздухопловни сили, радари, воздушна одбрана и сите други форми на одбрана, заедно со поголемиот дел од неговите офанзивни капацитети, се УНИШТЕНИ.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно зборуваше за тврдењата дека има намера да го преземе иранскиот остров Харг. Во интервју за Фокс њуз, тој малку ги ублажи своите претходни закани.

Тој рече дека негова „преференција“ би била да го освои Харга, но додаде дека „не е сигурен дали САД имаат апетит за тоа“. Трамп, исто така, рече дека САД сè уште преговараат со Иран за можен договор, но додаде дека Иранците се „горди“. Тој рече дека „подобро да не“ ги таргетира мостовите и електраните во Иран и дека не сака да ги остави Иранците без вода за пиење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од синдикатот на државната администрација бараат да се разгледаат нивните забелешки

Независниот синдикат на државната админстрација очекува минстерството администрација.

Од синдикатот на државната администрација бараат да се разгледаат нивните забелешки

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер