Утре седница на Комисијата за надзор на работа на АНБ, предвидена е и посета на просториите на агенцијата - Канал 5

Утре седница на Комисијата за надзор на работа на АНБ, предвидена е и посета на просториите на агенцијата

Пратениците кои имаат безбедносни сертификати планираат утре да ја реализираат надзорната посета на АНБ, по наодите за незаконско следење на опозицијата, новинари и бизнисмени, во перидото од 2019-2024 година.

Утре седница на Комисијата за надзор на работа на АНБ, предвидена е и посета на просториите на агенцијата

Преходно е закажана седницата на Комисијата со единствена точка на дневен ред Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ, со која треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи, иако тој се уште нема безбедносен сертификат. Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши.

-Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа. Битно е да не се закочи работата на Собранието. Во однос на сертификатот на Реџепи Собранието не е надлежно и за тоа треба да се праша АНБ зошто по една година тој се уште не го добил безбедносниот документ,- Африм Гаши – Претседател на Собрание.

Во меѓувреме партиите и понатаму со меѓусебни обвинувања. Од опозициската СДСМ велат дека премиерот Мицкоски се плаши од декласификација на документите, од ВМРО-ДПМНЕ пак обвинија СДСМ дека вршеле прислушување и следње преку АНБ, а јавното обвинителство дека не презело ништо.

-Со вчерашната изјава премиерот потврди дека нема никаква намера да ги декласифицира документите кои би ги докажале неговите наводи дека нелегално бил следен. СДСМ уште еднаш прашува од каде толкав страв од објавувањето на содржината на материјалите од наводното следење?Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? - изјави – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ.

-СДС најпрво треба да се извини за пет години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите. Откако ќе се извинат, треба да го повикаат Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски на одговорност. Јавното обвинителство не смее со денови да молчи и да не презема никаква акција. Загрозена била приватноста на голем број луѓе цели пет години. Службите влегле во нивните животи со цел да го забават падот на СДС од власт, да го продолжат нивното владеење и да прават криминал,- изјава – Бране Петрушевски – ВМРО ДПМНЕ.

Претходно директорот на АНБ Бојан Христовски рече дека целата документација е испратена во ЈО, а премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега изјавуваше дека очекува Обвинителството да постапи. Тој во вчерашното обраќање по повод Денот на независноста реше дека не само тој, туку и неговото семејство било следено и најави одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер