Утре се поместуваат стрелките на часовникот - Канал 5

Утре се поместуваат стрелките на часовникот

Ноќеска кон недела завршува зимското, а започнува летното сметање на времето со поместување на часовникот за еден час напред, односно од два на три часа, објави Државниот завод за метрологија.

Утре се поместуваат стрелките на часовникот

Според владината уредба за летно сметање на времето во 2026 година, летното сметање на времето започнува на 29 март и завршува на 25 октомври.

Летното сметање на времето ги намалува трошоците за електрична енергија

Со преминот на летно сметање на времето, електричната енергија потрошена од 8 до 22 часот ќе се наплаќа по повисока цена, а во периодот од 22 до 8 часот наутро по пониска цена, забележува HEP. Возачите на автомобили сепак ќе треба да ги вклучуваат светлата во текот на денот, бидејќи според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, тие мора да се користат од 1 ноември до 31 март.

Летното сметање на времето ќе им овозможи на луѓето повеќе дневна светлина и ќе ги намали трошоците за електрична енергија, но експертите долго време предупредуваат дека губењето на еден час сон кај некои луѓе може да предизвика нарушувања поврзани со спиењето, барем во првите денови, како и некои други здравствени проблеми.

Различни прописи за летно сметање на времето беа стандардизирани во Европската Унија во 1996 година. Во 2018 година, Европската Унија предложи укинување на поместувањето на часовникот, но до денес не е постигнат договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случувањата во Гостивар повод и за партиски реакции

Опозициската СДСМ обвинува за задоцнета реакција од институциите за загадената вода во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот Лимани.

Случувањата во Гостивар повод и за партиски реакции

Според Филипче надлежните институции потфрлиле во навременото откривање и спречување на епидемијата. Го повика здравствените власти веднаш да ги објават резултатите од анализите во водата и предупреди на ризик од дополнителни здравствени последици доколку загадената вода во гостиварско и понатаму продолжи да се користи.

„Зошто квалитетот на водата, Центарот за јавно здравје, не го испитувал секој ден? Каква вода се користат рестораните во кои има масовни собири, а тоа се свадби, многу атрактивни во овој период. Гледаме дека е забранета водата за користење, има некоја препорака да се користи техничка вода… која е таа техничка вода? Од каде рестораните ја носат, од каде граѓаните ја користат и носат, кој ја проверил таа вода?Доколку продолжи користењето на неисправна вода, Филипче предупреди на сериозна опасност од труење со храна и појава на нови епидемии како хепатит А, позната како болест на нечисти раце“-– Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак прашуваат зошто Филипче не бара одговорност од градоначалникот на Гостивар Лимани и јавно го повикаа да одговори дали го поодржува неговиот став - дека не чусвуствувал морална одговорност за случајот. Побараа негова оставка и го повикаа обвинителството да постапи.

„Со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? Зошто сега нема осуда и барање на одговорност од страна на СДС, ДУИ и Таравари? Дали мислат дека затоа што е нивен кандидат треба да го штитат? Или пак сметаат дека како во времето на Филипче кога за модуларната виновен беше кабелот, сега треба да биде виновна пумпата?“ - Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од власта уверуваат дека нема да има селективност при поташпувањето во овој случај и дека ќе биде санкционира секоја институционална, службена или индивидуална одговорност. Порачуваат дека органите постапуваат и дека доказ а тоа се тројцата приведени од гостиварскиот коумуналец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар и натаму останува без вода за пиење

Гостивар и натаму останува без вода за пиење сѐ додека не се докаже дека водата е безбедна. Засилени инспекциски надзор и контроли се спроведуваат во градинки, болници, ресторани и други објекти каде што се користи вода.

Гостивар и натаму останува без вода за пиење

Во меѓувреме, Владата испрати јасна порака - нема да има селективност и секој што ќе има утврдена одговорност за случајот ќе одговара.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на прес-конференција потенцираше дека забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека таа е безбедна за употреба. Во однос на поставените пумпи директорот на АХВ рече дека тие биле поставени без одобрение.

-Со надзорот беше утврдено дека од главниот цефковод на водоводната мрежа на диво без одобрение се поставени пумпи кои директивно вбризгуваат вода во овој водноснабнителен систем. Стручни лица на Институтот за јавно здравје, земаа четири мостри од водата од резервоарот, капнажата од површинската вода и од јавна чешма во џамија. Целта на засилените инспекциски мерки е прцизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста како да се обезбедат нови релевантни лабараториски резултати врз основа на кои ќе бидат превземени сите понатамошни мерки.- изјави - Оливер Миланов - Директорот на АХВ .

Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на одговорноста, рече утрово министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Тој додаде дека Општините се првата линија на одговорност за безбедноти функцонирање на водоводните системи.

-Очекуваме, брза темелна и транспарентна истрага. Целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите инволвирани – изјави Хоџа.

Според првичните информации што ги соопшти директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска, спорното земање вода во Гостивар е направено од отворен канал кој воопшто не е дел од официјалната дозвола за водоснабдување.

-Уште еднаш ќе ви кажам и ќе потенцирам дека ова што се случи е надвор од целиот опсег којшто го има дозволата на некои 800 до 900 метри на главниот цефковод. Не станува збор дека во заштитните санитарни зони се случило нешто – изјави Гиновска.

Случајот е предмет и на истрага на Јавното обвинителство, кое треба да утврди како било возможно незаконски да се постават пумпи во главниот цевковод на системот за водоснабдување. Надлежните институции очекуваат лабораториските анализи во најкус можен рок да покажат кога водата повторно ќе биде безбедна за користење. Дотогаш, забраната останува во сила, а инспекциските контроли продолжуваат на терен низ цело Гостиварско.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

-Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули, појаснува министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер