Утре прва официјална средба Муцунски-Петрова Чамова во Шведска - Канал 5

Утре прва официјална средба Муцунски-Петрова Чамова во Шведска

Во амбиент на затегнати билатерални односи, шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова - Чамова утре на прва официјална средба.

Утре прва официјална средба Муцунски-Петрова Чамова во Шведска

Според извори од македонското МНР, разговорот ќе се одржи утре попладне на маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, во шведскиот град Хелсинбург. Средбата е на покана на македонскиот министер и доаѓа една недела по изјавата на Чамова која го употреби терминот „северномакедонски“ за македонските претставници, а македонското МНР возврати со устен демарш за бугарскиот амбасадор во Скопје Жељазко Радуков. За политичкиот аналитичар Марко Трошановски, средбата несомнено е голем чекор напред за односите, но не треба да се очекуваат чуда.

-Ова е патот по кој треба да се оди за затоплување на односите меѓу двете земји. Не верувам дека на оваа прва средба би имале некаков пробив во во насока која што ја посакува македонската страна. Очекувам бугарската страна да ги потврди своите ставови за Договорот за добрососедство, протоколот и така натаму. Марко Трошановски, Институтот за демократија Социетас Цивилис .

Бугарската министерка на средбата доаѓа со старите цврсти позиции, ако се суди според информациите на бугарските медиуми, кои денеска го објавија ставот на Петрова – Чамова дадена како одговор на пратеничко прашање. Бугарската министерка вели дека Софија категорично се спротиваставува на обидите на Македонија да ги заобиколи обврските и оти ги мобилизирала сите дипломатски канали, вклучително и преку презентирање на нон пејпери пред евопските партнери, да алармираат за поведението на Македонија.

-МНР, преку мрежата на бугарските мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопјe, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување во прашање на преземените обврски. Обидите на Македонија да го оспори статусот на Протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се во спротивност со постигнатиот европски консензус, бидејќи Протоколот е дел од него. , се вели во изјавата на Петрова Чамова, пренесува бугарскиот портал БГНЕС.

Трошановски смета дека токму инцијативата на известувачот Вајц да се расчисти маглата околу Протоколот, ќе даде многу одговори како да се продолжи понатаму.

-Чиста ситуација нам многу би ни одговарала, и ќе биде појасно политичките елити да протуркаат уставни измени, ако вакви билатерални теми, кои протоколот ги содржи е јасно дека не се дел од процесот на пристапување со европската унија, вели Трошановски.

Министерот Муцунски во една од последните изјави порача дека во моментов не постојат услови за уставни измени, поради како што рече, недостигот на доверба и кредибилитет во однос на испорачаното кон земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните постројки

САД синоќа го нападнаа И 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди  да не ги таргетираат нуклеарните постројки.

САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните  постројки

Централната команда на САД соопшти дека бранот напади бил „дизајниран да продолжи да ја деградира способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот бродски сообраќај“ во Ормутскиот теснец.

Иранските државни медиуми објавија дека во главниот град Техеран е активирана воздушна одбрана. Експлозии се пријавени и во Тебриз, Чабахар, Конарак и во Бушер, каде што се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран.

Иран, кој возврати на САД и нивните сојузници од Блискиот исток, предупреди на одмазда откако Трамп изјави дека САД наскоро ќе погодат подземна нуклеарна постројка во близина на Натанц.

Иран и САД се согласија за прекин на огнот во април, но непријателствата продолжија минатата недела, бидејќи двете земји се бореа за контрола на виталниот воден пат Ормутскиот теснец.

Американските сили ги таргетирале иранските воени оперативни центри, поморските капацитети, хангарите за авиони, складиштата за беспилотни летала и воената логистичка инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов скок на цените на горивата - уште еден доказ за економскиот неуспех на ВМРО-ОКГ

Граѓаните веќе со месеци со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од Мицкоски за намалување на цените. 

СДСМ: Нов скок на цените на горивата - уште еден доказ за економскиот неуспех на ВМРО-ОКГ

Искуството покажува дека секоја таква најава на крајот резултира со ново поскапување.

Последниот пример со горивата е уште една потврда за ова правило.

Само по најавата дека Владата презела „нови мерки“ за намалување акцизи, за наводно намалување на цените на горивата, дојде до нов значителен скок.

Ова е директна последица на економската политика која ја води оваа влада.

Владата на ВМРО-ОКГ нема контрола врз економските текови и нема сериозна стратегија за заштита на стандардот на граѓаните.

Наместо структурни мерки, се применуваат краткорочни и неефикасни интервенции кои брзо се покажуваат како неуспешни.

Резултатот е постојан раст на цените на основните производи и услуги, додека реалниот доход на граѓаните стагнира или опаѓа.

Министерката за финансии самата призна дека без ребаланс веќе би се појавиле сериозни проблеми со исплатата на плати и пензии.

Ова покажува колку е кревка и нестабилна буџетската состојба, и колку малку простор има Владата за какви било економски интервенции.

Податоците се јасни. Од доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, странските директни инвестиции се намалени за над 60%. Во исто време, државата се задолжи со над 2,5 милијарди евра за помалку од две години, при што најголем дел од овие средства не се насочени кон продуктивни инвестиции, туку кон тековно трошење.

Потрошувачката кошничка продолжува да расте и изнесува речиси 70 илјади денари, а минималната плата остана без реално зголемување кое би го следело растот на цените.

Новото поскапување на горивата ќе има директен ефект врз сите други цени во економијата - транспортот, производството и дистрибуцијата на стоки ќе поскапат, што ќе предизвика нов притисок врз инфлацијата.

Економската политика на ВМРО-ОКГ се покажува како неуспешна на сите нивоа.

Наместо да се создаваат услови за раст и инвестиции, се генерира несигурност, поскапувања и дополнително задолжување.

Граѓаните ја плаќаат цената на оваа политика преку повисоки трошоци за живот и намалени економски можности.

Без сериозни структурни реформи и без одговорна буџетска политика, Македонија ќе продолжи да се соочува со стагнација и пад на животниот стандард.

Новото поскапување на горивата е уште еден показател дека економската политика на оваа влада не функционира.

Скопје, 22.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“ за љубителите на балетот

„Охридско лето“ денеска на репероарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“  од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ – Србија.

„Кармен свита и Болеро“ вечерва на „Охридско лето“  за  љубителите на балетот

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и 30 минути.

Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и неизбежната судбина. Потпирајќи се на виртуозната музика, кореографот Александар Илиќ гради нова кореографска динамика во која силата и емоцијата се испреплетуваат во моќен сценски израз.

„Болеро“, едно од најпрепознатливите музички дела на 20 век, во визијата на Илиќ станува хипнотички танцов спектакл. Постепеното интензивирање на ритамот и енергијата, која ја карактеризира композицијата на Равел, преточено е во кореографија со постојана напнатост, повторување и незапирлив раст на драматичноста.

Насловната улога на Кармен ја изведува Гала Јовановиќ, солистка на Виенската државна опера, улогата на Дон Хозе ја игра Александар Полупанов, улогата на Ескамиљо ја игра Тома Крижнар, улогата на Цунига ја игра Никола Бјанко и улогата на Судбината ја игра Феодора Грујиќ.

Во „Болеро“ главен солист е Огнен Вучиниќ заедно со Катарина Буќиќ, Јована Грујиќ, Владимир Чубрило, Катарина Илијашевиќ и ансамбл од играчи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер