Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
1Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаУтре протест пред уставен против иницијативата за укинување на линеарното зголемување на пензиитеЛинеарното зголемување на пензиите е исправно, од причина што трошоците се зголемени за сите подеднакво, смета директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов. Тој во интервју за „Радио Слободна Европа“кажа дека веќе има поднесено две иницијативи до Уставен суд за решавање на ова прашање, но според него, ваквото зголемување на пензиите е со цел да се усогласи животниот станрад. -Треба да се истакне, и граѓаните треба да знаат дека ова усогласување се прави заради намалување на животните трошоци, односно усогласување на животните трошоци и животниот стандард со покачувањето на ценовните на шокови во општеството и заради зголемување на платите во општиот сектор. Зголемувањето на пензиите значи зголемување на животниот стандард на пензионери,- изјави, Никола Мемов – директор на фонд на ПИОМ. Првиот човек на ПИОМ уверува дека во иднина нема да има зголемување на старосната граница и покрај барањата од меѓуанродните финансики инситуции...Во однос на финасиската состојба на Фондот, Мемов кажа дека истата е стабилнаи пензиите ќе се исплаќаат редовно, а за тоа владата има предвдиено трансфериод една милијарда евра кон фондот за ПИОМ. Дали ќе остане линарното покачување на пензиите и во март следната година, кога е предвдиено сите да добијат доплнителни 1.000 денари, ќе се знае по одлуката на Уставниот суд кој поведе постапка.. Поради тоа, утре во 11 часотпред судот протест најавија од иницијативата на пензионери што се залагаа за линеарно зголемување на пензиите, со цел, како што посочија, да го изразат својот револт и меѓудругото да упатат порака дека мора да се најде решение за пензионерите со најниски примања, бидејќи се жалат дека секој месец едвај врзуваат крај со крај. Тагови: пензии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласањеВисоката излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часотГласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПовторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. „Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник. Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД. Уапсен маж Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството. Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг. View this post on Instagram A post shared by Walk Among Heroes (@walkamongheroes) Нацистичка историја Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден. Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook