Утре протест на ССМ – посебен режим на сообраќајот во Скопје - Канал 5

Утре протест на ССМ – посебен режим на сообраќајот во Скопје

И еден човек да излезе утре на протестот, јас ќе бидам вториот, а веројатно ќе бидеме многу повеќе – порача првиот синдикалец, Слободан Трендафилов во пресрет на утрешниот протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард.

Утре протест на ССМ – посебен режим на сообраќајот во Скопје

Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во македонија тонат во сиромаштија, изјави Трендарфилов.. Според податоците на Управата за јавни приходи 160 илјади работници имаат плата под 31.200 денари или под прагот на сиромаштија, вели Трендафилов.

-Владата исплашена од бројката на 11.000 работници им зголеми плата во период од 24 месеци. Затоа ви покажуваме дека и ви укажуваме дека колку ќе видат од вас на улица, на толку ќе дадат зголемување на платите. Доколку излезат 20.000, работите ќе се менуваат. Доколку излезат повеќе – работите уште повеќе ќе се менуваат. Охрабрува тоа што го огромен број на работници се пријавија на организираниот превоз. Ако работниците не се охрабрат и не се окрупнат, затоа што овие веќе не се ни срамат, држат заеднички прес-конференции против работничките плати, тогаш работниците во наредниот период веројатно повторно ќе слушаат дека некој зборува за политика и дека работниците во Македонија добро живеат.

Од ВМРО-ДПМНЕ утринава на прес конференција обвинија дека протестот формално е организиран од ССМ, но логистички и технички од страна на опозициската СДСМ. Оттаму обвинуваат дека одговорен за организација на логистиката бил член на СДСМ од Куманово, а прикажаа и фотографии со истакнати членови на партијата во Куманово.

-Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово. На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДС, Оливер Илиевски и носителот на листа, Атина Мургашанска за локалните избори 2021 година. од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата,- - Бране Петрушевски.

Почетокот на утрешниот протест е најавен од 12 часот и 5 минути и ќе стартува пред просториите на синдикатот, продолжува до Собранието и ќе заврши пред Владата – главното барање е минимална плата од 600 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер