Утре променливо облачно со сончеви периоди - Канал 5

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод котлината со појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во недела кога ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Почитувани утре во Само Интервју ќе гостува професорот Љубомир Цуцуловски.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Кос го пофали спроведувањето на Реформската агенда и не’ потсети за уставните измени... Која е главната пречка на Македонските интеграции, има ли или не, политичка волја за излезна стратегија?

Може ли партиите да се надминат себеси и да изградат национален консензус?

Опозицијата и фрли ракавица на власта, гласање на дијаспората за една изборна единица – кој прави театар, а чии заложби се искрени?

Кој си го одржува, а кој го погазува зборот, кој е за реформи, а кој за теснопартиски интереси?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски, гостува Љубомир Цуцуловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Либерално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. 

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ.

На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и тајно гласање меѓу повеќе кандидати, без автоматизам или однапред утврдени квоти, оставајќи ги зад себе претставниците на Полска, Франција и Словенија. Победата во ваква силна конкуренција е крунски доказ за меѓународниот углед и високиот рејтинг што Зајкова го ужива меѓу светските парламентарци.

Овој триумф покажа дека кога македонската парламентарна делегација настапува со единство и сплотеност надвор од границите, Македонија може да понуди квалитет и да застане рамо до рамо со најмоќните европски и светски демократии.

„Потпретседателството на ПС на ОБСЕ е огромно меѓународно признание, но не само за мене лично или за ЛДП, туку за сите мои сограѓани во Македонија. Ова е успех за секој наш човек, не само од мојата изборна единица и не само за оние кои ме гласале на изборите дома. Со оваа голема победа во Хаг докажуваме дека можеме рамноправно да се носиме на отворени избори со претставниците на највисоките и најмоќните демократии во светот. Мораме конечно да почнеме цврсто да веруваме во себе, во нашиот капацитет и во она што ние од Македонија ѝ го нудиме на Европа и на светот – денес, но и во иднината! Благодарна сум за покажаното единство на македонската делегација и за големата доверба од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ, со кои заедно ќе продолжиме интензивно да работиме на воспоставување механизми за поголем степен на демократско учество и брзо решавање на евентуалните конфликти“, вели Зајкова во својата изјава по изборот.

Потпретседателите на ПС на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и го сочинуваат највисокото раководство на организацијата која обединува над 300 пратеници, со што земјава добива директен глас во креирањето на глобалните безбедносни политики.

ЛДП преку овој историски изборен пробив ја потврдува својата лидерска улога во спроведувањето на ефикасна парламентарна дипломатија која носи реален престиж, достоинство и видливи резултати за македонската држава на светската политичка сцена.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформи

Гаши оствари средба со комесарката за проширување,  г-ѓа Марта Кос.

Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформи

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Африм Гаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска.

На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Претседателот Гаши изрази благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион.

Во текот на средбата беше потврден напредокот на Република Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Исто така, беше нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција.

Соговорниците ја оценија посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Република Македонија, како и дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес и спроведувањето на клучните реформи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер