Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип - Канал 5

Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре стартува вакцинацијата против сезонски грип, а за ова намена министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини.

Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од минстерството информираа дека досега на сајтот вакцинација.мк се пријавиле 33.000 граѓани, а право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица..

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации во целата држава, а сите пријавени на сајтот добиваат СМС порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација. Во Скопје заинтересираните ќе можат да се вакцинираат во 5 установи: Центарот за јавно здравје, Поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а здравствените работници и во Институтот за јавно здравје..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани добива затворен базен и четири нови училници

Во основното училиште „Ацо Шопов“ во населбата Радишани во општина Бутел, освен што се прошируваат капацитетите со доградба на четири нови училници, денес започна и изградбата на затворен базен.

ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани добива затворен базен и четири нови училници

Станува збор за инвестиција поддржана од страна на Владата во вредност 77 милиони денари, а на поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Дарко Костовски.

„Ова е заедничка заложба на Владата, Министерството за образование и наука и на општина Бутел за унапредување на локалната образовна и спортска инфраструктура. Радишани ќе добие уште една содржина која ќе им биде достапна на младите во секојдневието, за стекнување здрави животни навики, спортување и правилен развој. Ваквите инвестиции имаат значаен удел во севкупните напори на државата за анимирање на младите и оттргнување од пороци и несоодветно однесување“, рече Јаневска.

Додаде дека во изградбата на дополнителниот објект во склоп на училиштето, со четири нови училници, се вложуваат 37 милиони денари кои ги обезбеди министерството. Ќе можат да се запишат дополнителни 100-тина ученици и ќе се обезбеди целодневна настава од прво до трето одделение.

„Оваа инвестиција во дополнителни простории ќе биде заокружена до септември и заедно со базенот, ќе добиеме еден целосен, модерен образовно - спортски комплекс“, нагласи министерката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгиска компанија му подари на Трамп прстен украсен со дијаманти

Белгиска компанија му подари на Трамп прстен украсен со дијаманти,тој неодамна ги укина царините за нив.

Белгиска компанија му подари на Трамп прстен украсен со дијаманти

Десетици дијаманти формираат две големи букви „Т“ покрај американското знаме и бројките „1776“ и „2026“.

Други дијаманти ги врамуваат бројките 45 и 47 во форма на логото на Супермен, додека орел со крилја украсени со дијаманти носи штит од рубин и во канџите држи маслинова гранка од смарагд.

Станува збор за масивен прстен од 18-каратно злато, украсен со вкупно 321 дијамант, 56 сафири, 13 смарагди и шест рубини, кој беше претставен оваа недела како подарок за американскиот претседател Доналд Трамп во чест на 250-годишнината на Соединетите Држави.

Прстенот му беше врачен во Брисел на американскиот амбасадор во Белгија, Бил Вајт, кој се очекува да му го предаде на претседателот, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

„Посебна благодарност до моите пријатели од Антверпен за величествениот прстен ’Freedom 250‘“, рече Трамп во претходно снимена видеопорака прикажана на настанот по повод роденденот на Америка.

Исидор Мерсел, претседател на Антверпенскиот светски центар за дијаманти (AWDC), го подари прстенот во име на вековната дијамантска заедница во тој белгиски пристанишен град, центар на глобалната трговија со скапоцени камења.

Интересно е што истата индустрија се соочи со тешкотии минатата година под притисокот на сеопфатната трговска војна на Трамп. „Нека овој прстен послужи како траен потсетник дека вистинското партнерство - слично како најдобрите природни дијаманти - се кова под притисок, го издржува тестот на времето и сјае најсветло кога се гради врз доверба“, рече Мерсел.

Вградено во прстенот е напишано „Направено во Антверпен за Доналд Џон Трамп“.

Вредноста на прстенот е значително пониска од некои други подароци што ги добил Трамп - како што е авион од 400 милиони долари од Катар - но тој ја илустрира улогата што ја играат раскошните подароци за оние што ја бараат наклонетоста на американскиот претседател.

YouTube video

Службеник на Белата куќа, зборувајќи под услов да остане анонимен, вчера изјави дека прстенот сè уште не му е подарен на Трамп. Подарокот доаѓа неколку месеци откако белгиската дијамантска индустрија успеа да обезбеди укинување на американските царини за увоз на дијаманти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Пожарите и натаму се шират во неколку француски департмани, особено на југот од земјата, каде што стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнената стихија.

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Во департманот Буш Ди Рон околу 150 пожарникари и денес интервенираат на повеќе локации, а противпожарната служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува исклучително висок.

Поради сериозната опасност, властите целосно го забранија пристапот, движењето и работата во 11 шумски подрачја. Префектот на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег соопшти дека мерката е воведена поради „многу висок ризик“ од избувнување и ширење на пожари.

Ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, кој во областите Алпи, Камарг и Кро достигнува брзина до 65 километри на час

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, изрази сериозна загриженост, истакнувајќи дека сезоната на пожари започнала околу еден месец порано од вообичаено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер