Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

  Во сите Центри за јавно здравје во земјава утре почнува вакцинацијата против сезонски грип. 

Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

За првпат годинава, како што посочи тој, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.

– Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер". Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик, потенцираше министерот Филипче.

Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин" ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, како што велат од ресорното Министерство, тоа можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.

Министерството за здравство, како што посочуваат оттаму, при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра.

12 животни лекции кои жените ги учат предоцна

 – Започнете ја навреме својата промена! 

Работата на вашето ментално здравје е исто толку важна како и работата на вашиот физички изглед, но многу дами во текот на животот го занемаруваат тоа.

Секој сака на улица да види убава жена, а повеќето сакаат да бидат во друштво на успешни и силни жени. Самодовербата не секогаш оди со изгледот, меѓутоа вашата слика за себе е нецелосна доколку ја немате. На патот кон успехот се соочуваме со многу предизвици и пречки, генерално, кога сме млади сè сфаќаме лично и честопати нашиот потенцијал и некои моменти не ги цениме доволно.

Созревањето е процес што трае, поради што многу жени многу доцна сфаќаат како би требало да реагираат или да се однесуваат во одредени ситуации. Затоа, важно е да работите на себе, да читате, да се едуцирате за полесно и помирно да надминете многу препреки во животот. Еве неколку одлични лекции за секоја жена, кои, за жал, повеќето ги учат предоцна.

1. Вашите зборови имаат тежина, затоа користете ги моќно.

2. Не сфаќајте сè лично. Луѓето често се преокупирани со своите мисли и искуства.

3. Ако се фокусирате на проблемите, ќе имате уште повеќе проблеми. Кога ќе се фокусирате на можностите, ќе имате повеќе можности.

4. Не е важно колку нешто ве боли во моментот, еден ден, кога ќе се осврнете наназад, ќе сфатите дека таа борба ви го направила животот подобар.

5. Секогаш ќе постои причина зошто сте запознале одредени луѓе. Или ви се потребни да го променат вашиот живот или вие да го промените нивниот.

6. Не плашете се да пробате нешто ново, бидејќи животот станува досаден кога останувате заробени во вашите граници на она што веќе го знаете.

7. Ако ве игнорира личност чие внимание многу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е иста како физичка болка.

8. Понекогаш не ја сфаќате вредноста на моментот додека не стане спомен.

9. Откако ќе ги увидите работите за кои сте благодарни, ќе почнете да ги губите од вид работите што ви недостасуваат.

10. Ако не ги контролирате зборовите, нема да ја контролирате ни вашата иднина.

11. Животот е огледало и врз мислителот го рефлектира она за што размислува.

12. Единствената личност со која треба да се соочите наутро сте вие самите.

Извор: srecna.republika.rs

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

притисни ентер