Утре почнува Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ „2023, Година во чест на Ацо Шопов“ - Канал 5

Утре почнува Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ „2023, Година во чест на Ацо Шопов“

Веднаш по отворањето, Школата ќе започне со интензивна работа, со вкупен фонд од по 30 часа за сите групи според степенот на познавање на македонскиот јазик .

Утре почнува Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ „2023, Година во чест на Ацо Шопов“

Утре ќе започне Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), со учесници од: Кина, Виетнам, Соединетите Американски Држави, Австралија, Турција, Полска, Словенија, Чешката Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Руската Федерација, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

Зимската школа веќе е традиционална програмска активност на МСМЈЛК при УКИМ и се одржува виртуелно, а годинешното нејзино издание ќе биде во чест на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. Со неа ќе започне спроведувањето и на националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

Свеченото отворање на Школата ќе се одржи утре на платформата Зум, со почеток во 9 часот, при што поздравни обраќања пред учесниците ќе одржат претседателот на државата и покровител на националната програма за чествување на големиот јубилеј, Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Веднаш по отворањето, Школата ќе започне со интензивна работа, со вкупен фонд од по 30 часа за сите групи според степенот на познавање на македонскиот јазик и интересот искажан од учесниците при пријавување на учеството – основно, средно и напреднато рамниште. Наставата за семинаристите од напреднатото рамниште, во целост ќе биде посветена на поезијата на Ацо Шопов, што се очекува да придонесе за нови исчитувања на неговото творештво на странски универзитетски центри, нови книжевни преводи и можни проекти со кои делото на македонскиот книжевен великан дополнително ќе се афирмира во странските културни средини

Покрај веќе познати имиња од славистичкиот свет – посветеници на македонистиката, меѓу кои се и универзитетски професори, истражувачи, како и веќе познати книжевни преведувачи, на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ се очекува бројно учество на понови кадри од повеќе странски држави.

Третата зимска школа ќе трае до сабота – 28 јануари 2023 година, а по нејзиното одржување, во текот на оваа година, МСМЈЛК при УКИМ планира и други активности посветени на Шопов, од кои повеќето веќе се опфатени во националната програма „2023, година во чест на Ацо Шопов“.

Зимската школа на МСМЈЛК при УКИМ за првпат се одржа во 2021 година, како прва активност во рамките на програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и значајно дополнување на редовните активности на МСМЈЛК при УКИМ, а мината година веќе се потврди дека таа ќе прарасне во традиција, во рамките на остварувањето на мисијата за афирмација и развивање на македонистиката на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.

Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој.

Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет.

Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент.

Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон.

Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка.

Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите.

Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи.

„Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација.

Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите.

Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата.

Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.

Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум

Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “

Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава.

На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции.

Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ.

Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“.

Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер