МакедонијаУтре почнува судењето за Кочани, во Собранието најави за Надзорна расправа и Анкетна комисијаСо засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа во судницата во Идризово утре во 9.30 часот ќе започне судскиот процес за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани. 8 месеци подоцна, на обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, а се очекува бројот да се зголмеми на 35 со припојување на обвинетиот сопственик на агенцијата за обезбедување, за кого обвениение беше поднесено подоцна, а ќе одговораат и 3 правни лица... Меѓу нив се сопствениците, лица од обезбдувањето, инспектори, админстративици и екс функционери... сите се товарат за исто кривично дело – тешки дела против општата сигурност. Ќе се одржуваат по две рочишта неделно, а процесот ќе го води судијката Диана Груевска – Илиевска. Од судот претходно известија дека сите лица кои се сведоци или оштетени во постапката дополнително ќе бидат повикани да се произнесат. Обвинението за катастрофалниот пожар беше поднесено на 13 јуни. Тогаш државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се опфатени сите за кои постојат сигурни докази дека предизвикале тешки дела против оптштата сигурност и со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност. -Во континуитет издавале лиценци за вршење на инспекциска дејност, објектот спаѓал во категодија диско клуб, а не ги исполнувал условите. Имало нецелосна документација, а не иницирале вонреден инспекциски надзор за проверка на условите. Детално се наведени кај секоја од лиценците поединечно, изјави тогаш Коцевски. Паралелно со стартот на судењето, во Собранието се прават обиди за одржување на надзорна расправа и формирање анкетна комисија, барање што го испорачаа семејствата на загинатите на маршот во саботата. Во Собранието пратениците од СДСМ веќе ја доставија иницијативата за основање на анкетна комисија на која освен нивните, потпишани се и пратениците од Левица. -Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност. Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа, стои во предлогот. Од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе ги поддржат иницијативите за анкетна комисија, но ќе бараат нејзино проширување и со другите трагедии како модуларната болница и Дурмо турс. -Вчера и СДСМ и Левица укажаа на тоа дека ќе поднесат такви барање. Ние таквото барање ќе го прифатиме, но треба ваквата анкетна комисија да биде проширена и за сите други трагедии за коишто нема ниту кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност, изјави пратеникот Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Семејствата на загинатите во саботата побараа од пратениците да се утврди вистината и проверка во постапувањето на сите институции од локално до централно ниво, кој да имал должност да спречи, а не реагирал, имало или не евентуална политичка или службена одговорност. На 16 март после полноќ се случи една од најголемите трагедии во Македонија. Во дискотеката „Пулс" во Кочани, која беше исполнета со над 500 гости, избувна катастрофален пожар за време на концертот на поп-група ДНК. Пред еден месец пожарот ја зеде и 63-тата жртва - Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина по речиси седум месеци од трагедијата, борејќи се со тешки изгореници и повреди. Над 200 лица беа тешко повредени. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook