Шоу бизУтре почнува 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин Во Берлин утре почнува 75. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“. За главната награда „Златна мечка“ за најдобар филм се натпреваруваат 19 остварувања од целиот свет.Инаку, десетдневната свеченост ќе биде отворена со домашниот воннатпреварувачки филм „Светлина“ (Das Licht), на германскиот режисер Том Твикер, којшто ќе биде претставен со специјална гала-вечер. Американскиот режисер Тод Хејнс ќе претседава со годинешното жири, додека за првпат фестивалската програма ќе ја води Триша Татл, која ќе ги претстави новите филмови во натпреварувачкиот дел. Фестивалот во германскиот главен град ќе трае до 23 февруари, се наведува на официјалната интернет-страница. Лусил Хаџихалиловиќ ќе ја претстави својата драма „Ледена кула“ (La Tour de glace), каде што главната улога ја толкува француската актерка Марион Котијар. Во филмот „Сина Месечина“ (Blue Moon) на американскиот режисер Ричард Линклејтер глумат Итан Хоук и Ендрју Скот. Романскиот режисер Раду Жуде се враќа на фестивалот со „Континентал '25“ - мрачна комедија за станбената криза и подемот на ксенофобијата и шовинизмот. Инаку, единствениот дебитантски филм во натпреварувачкиот дел ќе биде „Жешко млеко“ (Hot milk) на британската режисерка Ребека Ленкиjевич - адаптација на романот на Дебора Леви којшто ја истражува комплексноста на мајчинството. Во тој дел, годинава има само еден документарен филм - „Времеплов“ (Стрічка часу) на украинската режисерка Катерина Горностај. Нејзиниот последен филм е хроника за воспитувачите и наставниците за време на војната. Јужнокорејскиот режисер Хонг Санг-су доаѓа ќе го претстави својот осми филм - „Што ти вели таа природа“. Овој филмаџија веќе има освоено четири „Сребрени мечки“ последниве пет години. Од 19 филмови во натпреварувањето, осум се режирани или со-режирани од жени, наспроти шесте лани. Берлинскиот фестивал се одликува со посветеноста на различностите и еднаквоста. Во 2019 година, организаторите ја потпишаа Повелбата за еднаквост и различност, обврзувајќи се на поголема транспарентност во изборот на филмови и на состав на нивните управни тела. Во воннатпреварувачкиот дел ќе биде прикажана и научно-фантастичната црна комедија на Бонг Џун-хо „Мики 17“. Ова е негов прв филм на „Берлинале“ по „Паразит“ којшто му го донесе и престижниот „Оскар“. Фестивалот ја доделува „Златната мечка“ за најдобар филм, „Големата награда“ на жирито, како и „Сребрени мечки“ за најдобар режисер, глумец, глумица, сценарио и филмска музика. Основан е во 1951 година и, од 1978., се одржува редовно секоја година во февруари. Секоја година, фестивалот е домаќин на околу 20.000 претставници на филмската индустрија од 120 земји и продава околу 330.000 влезници, што го прави најпосетениот ваков настан во светот. „Златната мечка“ лани отиде кај филмот „Дахомеј“ на француско-сенегалскиот режисер Мати Диоп. Од 1992 година, „Берлиналето“ ја доделува наградата Теди за филм кој ја обработува темата на ЛГБТ-заедницата. Во 2020 година, организаторите ја повлекоа наградата „Алфред Бауер“ - именувана по поранешниот директор на Фестивалот, по откривањето дека тој имал врски со нацизмот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter