МакедонијаУтре, од пладне до полноќ: Кисела Вода со DJ сетови, детска зона, и голем екран за финалето на Лигата на шампионитеУтре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day - Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“! Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално подготвената детска зона со низа активности, а низ паркот ќе бидат поставени промотивни штандови за пијалоци и освежување. Од 18:00 часот, се собираме пред големиот ТВ екран поставен во паркот каде заеднички ќе го следиме финалето од Лигата на шампионите. Ве покануваме сите да навиваме заедно, во одлична атмосфера од пладне до полноќ. Еден ден. Многу емоции. Ве очекуваме утре во паркот „Шопен“! Општина Кисела ВодаТагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во СкопјеГрадот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти. Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци. Дезинсекција против ларви: 7 мај – авионска дезинсекција 11 јуни – авионска дезинсекција 26 јуни – теренска дезинсекција 10 јули – авионска дезинсекција 23 јули – теренска дезинсекција 11 август – теренска дезинсекција Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција 13 и 15 јули – теренска дезинсекција 30 и 31 јули – авионска дезинсекција 4 и 6 август – теренска дезинсекција До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика. Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните. Град СкопјеТагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
СветНајголем напад врз Москва од почетокот на 2024 годинаГрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека нападот со непријателски беспилотни летала врз руската престолнина синоќа бил најголем во последните две години од војната со Украина. Руската државна новинска агенција ТАСС го цитираше Собјанин, кој изјави дека 620 беспилотни летала полетале кон Москва и московскиот регион во периодот меѓу понеделникот навечер и 5 часот наутро во вторник по локално време, како и дека 180 летала биле уништени во регионот на главниот град. – Службите за итни случаи работат на местата каде што паднале остатоците – изјави градоначалникот на Москва. Пред овие воздушни напади, најголемиот напад на Украина со беспилотни летала врз Москва и околината се случи минатиот викенд, меѓу саботата навечер и 6:30 часот наутро во неделата, кога Собјанин објави дека 600 летала полетале кон главниот град, а 201 биле уништени во московскиот регион. Веста за масовниот напад стигна откако Русија ја обвини Велика Британија дека „намерно одлучила да ја ескалира кризата во Украина“, откако беше потврдено дека во нападите врз цели во Русија биле користени беспилотни летала од британско производство. - Со тоа, Обединетото Кралство дејствува како соучесник и соизвршител на крвави злосторства и терористички напади. Потезите на Лондон неизбежно ќе донесат последици за кои тој ќе мора да одговара – се наведува во соопштението на руската амбасада во Велика Британија, при што е упатено и дополнително предупредување дека „колку подлабоко (Лондон) е вклучен во конфликтот, толку поголема цена ќе плати“. Лондон: Стоиме рамо до рамо со Украина Портпарол на британското Министерство за одбрана изјави за Би-би-си дека Велика Британија стои „рамо до рамо“ со Украина. - Русија не треба да се сомнева во решеноста на оваа влада да ѝ се спротивстави на руската агресија – како во Украина, така и против Велика Британија и нашите сојузници – рече портпаролот во својата изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
КултураПочина Ведрана Рудан: Хрватската писателка ја загуби битката со ракотХрватската писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, објавија хрватските медиуми. Тажната вест ја потврдиле извори блиски до писателката, откако на нејзиниот официјален профил на Фејсбук била објавена кратка, препознатлива порака од администраторот дека таа „се преселила на место без сигнал“. На нејзината официјална страница на Фејсбук се појавила мистериозна објава: „Ведрана замина на место без сигнал.“ Се бореше со рак Ведрана Рудан, хрватска писателка, новинарка, колумнистка и активистка, во почетокот на мај 2024 година објави дека боледува од рак. „Мојот рак е ебено редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не ја прочитав ниту отпусната листа, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Сепак, некаде прочитав дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го изневериш сопругот, да ги лишиш децата од наследство или љубовникот да го испратиш по ѓаволите. И не е некој рок. Само 5 отсто од среќниците можат да бидат оперирани. Јас сум меѓу нив“, напишала тогаш Рудан. Таа навела и дека најпрво отишла во Света Недела на радиохирургија, каде што туморот бил третиран пред операцијата.Тагови: Ведрана Рудан писателка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00