Утре и задутре температурата до 40 степени, стаблизирање од недела

Темепратурата на воздухот утре и задутре според најавите на метеоролозите ќе се искачи до 40-тиот степен, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Од УХМР најавуваат дека сончево и многу топло време ќе преовладува до недела кога ќе настапи повторно стабилизирање на времето и пад на температурите.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движиод 30 до 40 степени. Утринската од 14 до 24 степени.

И задутре времето ќе биде сончево и топло, со утрински температури од 14до24 и максимална од 34 до 40 степени.

Во сабота претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнеусва 8. Утринската температура ќе биде од 15 до 25, дневната максимална од 30 до 38 степени.

Спуштање на темпратуата се очекува во недела, кога максималната температура ќе се искачи до 34 степени. Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Активности на терен заради топлото време ќе спроведе Црвенот крст на Град Скоопје со поддршка на градските власти.

Согласно искуствата од претходните години, мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски постојки каде ќе дистрибуираат вода.

Мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10:00-16:00 часот. За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 12 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа./МИА

Јанчев: Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски

Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

По повод 33 години од смртта на првата жртва во бившата ЈНА, војникот Сашко Гешовски првите луѓе на Кавадарци го реализираа ветеното.

Биелса во репрезентацијата на Уругвај повика играч од аматерската лига

 Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига, објави „TNT Sports“.

Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.

Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.

Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.

Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

На баровите, рестораните и канцелариите во Велика Британија ќе им биде забрането да назначуваат нови простории како родово неутрални тоалети, според измените на законот што ќе стапат во сила подоцна оваа година.

Британските министри рекоа дека измените на законот ќе ја зголемат „безбедноста, приватноста и достоинството“ на жените.

Врз основа на тие измени на законот, новите јавни и деловни згради ќе мора да имаат посебни машки и женски тоалети, пишува Тајмс.

Според тие одредби, оние кои не можат да го обезбедат тоа ќе мора да имаат просторија што вклучува тоалет, мијалник и фен за раце зад врата што може да се заклучува.

Министрите рекоа дека одлуката ќе стави крај на зголемувањето на бројот на таканаречените „родово неутрални“ тоалети кои оневозможуваат приватност.

Измените на законот, сепак, беа критикувани од активисти за правата на ЛГБТК, кои предупредија дека тоа дополнително ќе ги маргинализира трансродовите лица.

Британската влада првпат ги предложи измените на законот минатата година, и покрај силната кампања на противниците на измените кои рекоа дека трансродовите жени ќе бидат изложени на ризик за нивната безбедност со тоа што ќе мора да користат машки тоалети.

Анкетата на YouGov претходно оваа година покажа дека 48 отсто од луѓето се чувствуваат непријатно кога користат родово неутрални тоалети, вклучително и 57 отсто жени.

притисни ентер