Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег.
Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје времето утре претпладне ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, но со послаб интензитет.
И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд. Од среда ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.