Утре и официјално стартува кампањата за локалните избори

Помалку локални, а повеќе национални теми со фокус на односите со Бугарија, трагедијата во Тетово и ковид-панедмијата.

Вакава изборна кампања очекуваат политичките аналитичари во трката за челното место во 80 општини во земјава и во Градот Скопје. Како што ќе се приближува денот на изборите, така аналитичарите очекуваат засилување на вордингот - меѓусебни обвинувања и напад на кредибилитетот на противникот. Но таканаречена црна кампања, според нив нема да донесе позитивни поени на ниту еден кандидат, туку напротив само ќе укаже на недостигот од креативни политики и идеи на кандидатите за градоначалници.

„Некои партии инсистираат на глобалните теми бидејќи понекогаш им недостига текст и креативност за локалните теми. Затоа повеќе гледаме напад на кредибилитетот на противникот, отколку што гледаме креативни политики и предлози како да се надминат проблемите на граѓаните. Очекувам дека ќе има исклучоци кај кандидатите кои сами ќе преземат товарот на свои плеќи и верувам дека тие ќе бидат поуспешни на изборите“, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

„Очекувам дека кампањата ќе биде критика на она што се случуваше во изминатите 4 години во општините во однос на очекувањата на граѓаните, и она што е сработено и она што не е сработено, а во фокусот ќе бидат и оние најзначајни национални теми, пред се случувањата со пандемијата и се разбира трагедијата во Тетово кога се запали и изгоре ковид болницата. Власта сметам дека треба да биде фокусирана на позитивна кампања во обид да покаже дека нешто направила во изминатиот период, а опозицијата е таа што ја користи негативната кампања како една критика на власта. Но доколку и власта посегне кон критики и навреди, тогаш дефинитивно ќе бидеме сведоци на црна кампања“, посочува аналитичарот Владимир Божиновски.

Според аналитичарите пресудно за изборот на идните градоначалници но и локалните советници ќе биде личниот квалитет и интегритет на кандидатите. Во некои од општините очекуваат да доминираат и независните кандидати, кои според нив, акцентот во кампањата ќе го стават токму на локалните прашања кои директно ги засегаат граѓаните.

„Секако дека личноста на кандидатот влијае и тоа сигурно ќе биде многу повеќе потенцирано кај градоначалниците. Кај некои структури по општините гледам дека партиите се освестуваат и осознаваат дека и структурата на советничката листа е исто така битна“, истакнува Муслиу.

„Овие избори ќе бидат доста интересни бидејќи ќе има пошаренолики состави на општинските совети. Во зависност од општините во некои и независните кандидати за градоначалници имаат доста добри шанси“, смета Божиновски.

Изборната кампања стартува ноќеска на полноќ и ќе трае до 15-ти октомври. Во изборниот натпревар, според статистиката на ДИК, влегуваат близу 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини во земјава и градот Скопје. На локалните избори в недела на 17-ти октомври право на глас ќе имаат 1.824.864 граѓани.

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер