Копилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив
2Копилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив
МакедонијаУтре финансиска помош од 2.500 денари за 1.388 пензионери од Кисела ВодаОпштина Кисела Вода почна со исплатата на еднократната финансиска помош за пензионерите со ниски примања. Веќе од утре, 1.388 пензионери ќе добијат по 2.500 денари директно на своите сметки, како дел од првата тура од вкупната поддршка која ќе опфати над 3.200 пензионери. Станува збор за жители на општината кои се приматели на старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари. -Оваа мерка, која општината ја реализира со цел да го подобри животниот стандард на повозрасната популација, покрај директната финансиска помош, го вклучува и покривањето на персоналниот данок. Во наредните денови следува и втората тура, кога финансиска поддршка ќе добијат уште над 1.800 пензионери, соопштија од Општина Кисела Вода. Целата мерка, како што изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставува израз на почит и грижа кон највозрасните сограѓани, кои со својот труд и придонес ги поставиле темелите на општеството. -Нашите највозрасни сограѓани се столбот на државата и нашето општество. Со почит кон нивниот труд и животен придонес, продолжуваме да градиме заедница во која секој е вреднуван и поддржан. Денес ги потпишав налозите со кои доделуваме финансиска поддршка на пензионерите со ниски примања, а веќе утре во текот на денот парите ќе бидат префрлени на нивните сметки. Со оваа мерка, финансиска помош добиваат пензионерите кои се приматели на старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија кои се жители на општина Кисела Вода, а чии примања не надминуваат 22.640 денари. Секој од нив добива финансиска помош од 2.500 денари, а општината дополнително го покрива персоналниот данок кој не е пресметан во овие средства, рече Ѓорѓиевски. Тој информираше дека ова е првата тура од исплатата, додека пак втората, повеќе од 1.800 пензионери во текот на следните денови ќе ја добијат ветената еднократна финансиска помош. -Тоа се повеќе од 3.200 пензионери кои добиваат финансиска поддршка! Оваа мерка е уште еден чекор во нашата континуирана грижа за повозрасните жители, за нашите родители, баби и дедовци, со која покажуваме дека не се заборавени. Сето ова е резултат на нашата посветеност да создадеме општество во кое секој пензионер ќе има подобар квалитет на живот. Да сте здрави и живи и со здравје да си ги трошите, рече Ѓорѓиевски.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина ТеарцеПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКопилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел АвивКопилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив. Тоа го планирал со месеци.Копилотот кој минатата недела со секира го нападна капетанот на авион на „Флајдубаи“ (Flydubai) и се обиде да ја преземе контролата врз леталото, имал намера да го урне авионот врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на информации од истрагата. Според извештаите на израелскиот Канал 12 и порталот „Ynet“, 29-годишниот државјанин на Оман, Хамам ал-Хамами, наводно им рекол на истражителите дека, откако ќе го елиминирал капетанот, планирал да го продолжи летот како ништо да не се случило. Израелските медиуми тврдат дека неговата намера била да ги добие сите неопходни дозволи за слетување и – дури во фазата на завршен пристап – да го урне „Боингот“ врз зграда или авион на аеродромот. Со тоа, на израелските власти би им останало многу малку време да сфатат што се случува и да реагираат. Според истите извештаи, истрагата открила дека Хамами не постапил импулсивно. Во последните месеци, тој повеќе пати слетал на аеродромот „Бен Гурион“ како член на екипажот; за време на една посета во јуни, наводно детално го проучил аеродромот и се подготвувал за напад. Првично планирал да го изврши нападот уште во јули, но се откажал од идејата во последен момент бидејќи меѓу членовите на екипажот бил и еден негов пријател. Одлучил да ја чека следната можност. Канал 13 објави уште еден детал од истрагата. Според нивниот извештај, Хамами им кажал на истражителите дека намерно барал работа во авиокомпанија што лета за Тел Авив и дека токму поради тоа ја избрал „Флајдубаи“ (Flydubai). Израелските истражители сè уште лично не го испрашале Хамами. Канал 12 наведува дека информацијата му била пренесена на Израел од саудиски и емиратски истражители, па затоа деталите од неговата изјава сè уште не се официјално и независно потврдени. Тој побарал од пилотот да се помоли, а потоа го нападнал. Нападот се случи на 30 септември, за време на летот FZ1073 од Дубаи до Тел Авив. Капетанот на авионот, Смит Мачхар , Индиец, раскажал дека копилотот ненадејно го нападнал од зад грб, околу пет минути откако побарал дозвола да се помоли. Хамами го удрил со секирата за итни случаи што се чувала во пилотската кабина. Иако тешко повреден, Мачхар успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина. Тоа им овозможило на членовите на екипажот и на патниците да влезат и да го совладаат напаѓачот. За време на борбата, авионот преминал во стрмно понирање. Според податоците од „Flightradar24“ анализирани од „Ројтерс“, леталото изгубило повеќе од 16.000 стапки – или речиси пет километри – висина за нешто повеќе од 30 секунди. Откако капетанот успеа да ја отвори пилотската кабина, неколку патници го совладаа Хамами, а контролата врз авионот потоа ја презедоа двајца пилоти кои се наоѓаа во авионот како патници. Авионот беше пренасочен кон Табук, Саудиска Арабија, каде што безбедно слета. Во авионот имаше повеќе од 170 патници и членови на екипажот, главно Израелци. Никој од патниците не загина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
МакедонијаГаши домаќин на поранешните собраниски спикериПретседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе одржи средба со поранешни претседатели на законодавниот дом.Поранешните собраниски спикери ќе го посетат Собранието, каде што средбата со Гаши е закажана за 13 часот во Охридската сала. На средбата се очекува да бидат разменети искуства и ставови поврзани со работата и функционирањето на највисокиот законодавен орган.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54