Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба - Канал 5

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК - Скопје.

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село - Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „10“ во село Ржаничино во Општина Петровец.

Во периодот од 09:00 до14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Иван Аговски“ и „Никола Тесла“ во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Мирковци во Општина Гази Баба.

Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „13“ и „14“ во селото Ржаничино во Општина Петровец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер