ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
3САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветУсвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот?Рускиот парламент усвои закон со кој ќе му се дозволи на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји.Според законот, Москва ќе може законски да испраќа војници во странство за да ги заштити руските граѓани кои биле уапсени, истражени, судени или на друг начин злоупотребени од странски држави, меѓународни судови и организации на кои Русија не припаѓа. „Западната правда се претвори во репресивна машина за потиснување на одлуките што не се согласуваат со оние што ги наметнуваат европските претставници. Во овие околности, важно е да се направи сè за да се заштитат нашите граѓани во странство“, рече Вјачеслав Володин, претседател на руската државна дума. Путин има 14 дена да го потпише законот. Оваа година, разни европски разузнавачки агенции ја означија Русија како директна закана за Западот и НАТО. Одбранбените претставници и пратениците на ЕУ стравуваат дека Кремљ би можел да ја види следната година или две како идеално време да ја тестира посветеноста на Западот кон воениот сојуз. Тој прозорец ќе остане сè додека Доналд Трамп е во Белата куќа, а Европа сè уште не ги зајакнала своите воени капацитети, според тројца политичари од ЕУ кои се директно запознаени со дискусиите. Москва делумно ја оправда својата целосна инвазија на Украина во 2022 година со потребата да се заштитат Украинците кои говорат руски, кои ги смета за свои сонародници. Кремљ тврди дека Киев со години ги злоупотребува нивните права и продолжува да бара враќање на рускиот јазик и руската црква во државност во Украина како дел од каков било мировен договор. Минатиот месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека балтичките држави би можеле да станат следната цел на Москва ако Украина не добие доволна поддршка - предупредување што Естонија подоцна го отфрли.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“. Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот. Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.Тагови: аеродром дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаНова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“. Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица. Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден. На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шоковиВенко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат. Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски. И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%. Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%. Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати. Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter