Усвоена националната стратегија на ДКСК за спречување корупција и судир на интереси

Документот содржи 12 клучни цели и ги селектира приоритетните проблеми кои генерираат  висок ризик од корупција, а идентификувани се мерки за нивно надминување.  

обраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 изготвена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Документот содржи 12 клучни цели и ги селектира приоритетните проблеми кои генерираат висок ризик од корупција, а идентификувани се мерки за нивно надминување.

Проблемите и мерките што стратегија ги предвидува се систематизирани во областите (сектори): јавни набавки, вработувања во јавниот сектор, политички систем, правосудство, органи за спроведување на законот, здравство, образование, труд и социјална политика, урбанизам, животна средина, земјоделство, спорт, јавни претпријатија, медиуми и граѓанско општество.

Претседателката на собраниската Комисијата, пратеничката од НСДП Соња Мираковска, оцени дека Стратегијата на ДКСК е одличен документ кој првпат се носи во Собранието, и ќе биде, како што рече, четиво за пратениците. Посочи дека по секој извештај на ДКСК Собранието ќе организира надзорна расправа и ќе се одговара зошто не е реализирано нешто што е предвидено со Стратегијата и нејзиниот акциски план.

-Првпат преземаме активна улога, а тоа значи да контролираме што се случува по носењето на Стратегијата и да сфатиме дека тежиштето е овде. Тука ќе се сретнеме со првите проблеми, овде ќе се договориме, ако не е исполнет Акцискиот план и мерките ќе ги повикаме институциите во Собранието на надзорна расправа за да ги прашаме зошто не го завршиле тоа на што се обврзале. Ако така фунционираме, ќе одиме чекор по чекор напред. Да немаме илузија дека веднаш ќе се справивме со корупцијата, но да ги правиме чекорите. Ова е значаен чекор. Корупцијата е длабоко навлезена во општеството и не се поправа за еден ден и со една стратегија, но со неа се почнува борбата. Со неа ние имаме увид во голем дел од работите и како може тие да се поправат, рече Мираковска во завршната расправа за документот.

Важно е да се одговори како се трошат државните пари и затоа јавните набавки и вработувањата се исклучително важни и провејуваат, рече Мираковска, низ сите стратешки сегменти. Притоа соопшти дека за јавни набавки државата троши 20 отсто од целокупниот буџет, што е околу 800 милиони евра годишно.

Според пратеничката Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, Стратегијата на ДКСК е голем чекор со оглед дека досега не постоел таков документ, ги поздрави 12-те цели содржани во неа, со заклучок дека во моментов сме многу далеку од нив и дека најважна цел е да дојдеме до некои вообичаени стандарди.

За да нема корупција и криминал, рече Силјановска, важна е поделбата на власта и рамнотежа на трите власти, независно судство, критички медиуми, силен цивилен сектор кој ќе гради партнерски однос со власта, но ќе биде на дистанца за да ја зачува независноста, а важен е и моделот на политичката култура односно дали се влегува во власта од државни или од лични интереси.

-Корупцијата е жилава, отпорна камелеонска појава, Јанус со стотици лица, и затоа треба сет инструменти за да се редуцира, оневозможи и еден ден да се анулира. Не зборуваме за ефемерна, туку за системска корупција и затоа бара и системски пристап. Корупцијата и криминалот најлесно виреат и стануваат системска појава таму каде што има слаби институции и моќни поединци. Во хибридни режими и авторитарни режими резултатот е однапред познат, а правилата се ирелевантни, рече Силјановска, додавајќи дека повисока функција значи и поголема одговорност.

Таа во опширното излагање побара итно да се реши просторниот проблем на ДКСК и проблемот на дигитализација, приоритет да бидат вработувања во Антикорупциската зашто во спротивно, како што рече, стратегијата ќе биде уште една хартија.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска смета дека со подготовениот документ се на добар пат во остварување на целите. Во однос на изработката на софтвер и доекипирањето со вработувања рече дека процесите одат бавно, но е добро што тргнале.

Ивановска на собраниската седница го презентираше Годишниот извештај за работата на ДКСК во 2019 година. Соопшти дека во десетте месеци од таа година (овој состав на ДКСК е избран во 8 февруари 2019 година согласно новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси) до ДКСК биле доставени рекорден број пријави од физички и правни лица, во кои се укажува на бројни повреди на закони, процедури, но и на злоупотреби на функции и јавни овластувања.

– Бројот на примени пријави и отворени предмети во 2019 година е поголем од вкупниот број пријави примени во ДКСК во последните претходни пет години. Во десетте месеци до ДКСК беа доставени 1172 пријави од граѓани, здруженија и институции, со сомневања за постоење коруптивно однесување, злоупотреба на јавната функција, постоење судир на интереси, а беа отворени и 245 предмети по сопствена иницијатива, рече Ивановска, заклучувајќи дека пријавите со кои подносителите бараат остварување на нивните индивидуални права се должи, пред се, на изгубената доверба на граѓаните во институциите на системот.

ДКСК решила 100 предмети од областа на корупцијата – од 687 пријави и 23 предмети по сопствена иницијатива, а од областа на судир на интереси – од 364 пријави и 66 по сопствена иницијатива, решила 143 предмети. Од 54 пријави за непочитување на забраните во текот на изборниот процес и три по сосптвена иницијатива одлучила по 38, а за проверка на имотната состојба, од поднесени 67 пријави и 153 по сопствена иницијатива, ДКСК одлучила по 83 предмети. Притоа биле уочени бројни слабости во законите и нивна злоупотреба, особено во вработувања во јавниот сектор и злоупотреба на функции и овластувања при издавање разни дозволи, одобренија, договори и создавање услови за фаворизирање лица и компании.

Токму од откриените слабости бил креиран и основниот концепт на превентивни мерки и алатки при изработка на Националаната стратргија против корупција и судир на интереси со акцискиот план за периодот 2021-2025.

Новиот „Smart“ е огромен: Производителот ги објави димензиите

Збогум за малиот градски автомобил?

Само десет дена откако го прекина производството на моделот „ForTwo“ во Хамбах и на тој начин ги прекина последните врски со микромобилноста, „Smart“ сега е на другата страна на светот (во Кина) се обидува да ги убеди луѓето да го сакаат нивниот најголем модел досега - 4,75 метарски теренец!

Имено, новиот концепт „Smart #5“е дури и подолг од „Mercedes GLC“.

Се чини дека ова е конечно крајот на приказната за малиот градски автомобил.

„Повеќе од четвртина век, „Smart“ се залага за урбана мобилност и паметни решенија во градскиот сообраќај“, вели извршниот директор Дирк Аделман.

„Затоа, концептот #5 е можеби најнеочекуваниот и најразноврсен автомобил што нашиот бренд некогаш го дизајнирал. Со него, ги оставаме сите граници зад себе и отвораме нов сегмент за клиентите во Европа и остатокот од светот“, додаде тој.

Внатре, „Smart #5“ е исто така огромен. Со меѓуоскино растојание од околу 3 метри, тоа не се однесува само на огромниот простор на поединечните седишта во задниот дел, кои веројатно ќе станат конвенционални задни седишта во серискиот модел, туку и за багажникот.

Иако „Smart“ отсекогаш изгледал малку како играчка, овој концепт во никој случај не е инфериорен во однос на споменатиот „Mercedes GLC“.

Сосема спротивно. Кога станува збор за електрониката, дури и претстојната генерација на инфозабава „MBUX“ за следниот „Mercedes CLA“ изгледа речиси застарена.

Два огромни „OLED“ екрани сјаат во кокпитот на „Smart“, а брзиот процесор на „AMD“ го напојува паметниот бот, чија вештачка интелигенција го има истиот талент за разговор и, пред сè, разбирање како „ChatGPT“.

Покрај тоа, технологијата од 800 волти гарантира неверојатно брзо полнење (до 80 проценти за 15 минути), а капацитетот на батеријата од повеќе од 100 kWh овозможува опсег од над 550 километри.

Тоа би требало да биде доволно и за подолги патувања.

„Smart #5“ сè уште ја има ознаката „Concept“ пред своето име. Но, шефот на европската компанија, Дирк Аделман, не остава сомнеж дека овој префикс ќе биде краткотраен.

Планирано е серискиот модел да се најде во продажба во Кина веќе оваа година, а во светот во 2025 година.

„И, како што сме навикнати од # 1, со изненадувачки мала промена од концептот“, вели Аделман.

Ако Аделман навистина успее да го спроведе својот план за почетна цена далеку под 50.000 евра, тогаш не само што ќе биде поевтин од „Mercedes EQA“ и „EQB“, туку и новиот „EQC“ ќе ја изгуби својата привлечност.

Извор: Б92

Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ

Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја носи Македонија напред.

Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови.

Ве повикуваме, приклучете се да донесеме уште поголема победа во вториот круг.

Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

притисни ентер