3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
БалканУсвоен е текстот на декларацијата од самитот во Дубровник Владата го објави текстот на декларацијата усвоена на денешниот самит за помош на Украина во Дубровник.„Декларацијата од Дубровник што ја усвоивме изразува целосна поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, недвосмислено ја осудува руската агресија и ја потврдува заедничката посветеност на Европа да му помогне на украинскиот народ“, објави владата, пренесе Индекс. Потписници на декларацијата се хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски како кодомаќини на самитот, косовската претседателка Вјоса Османи, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, албанскиот премиер Еди Рама , претседателот на Советот на министри на БиХ Борјана Кристо, бугарскиот премиер Димитар Главчев, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, молдавскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Михаи Попшои, романскиот министер за надворешни работи Луминица Теодора Одобеску, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гостиПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави:„Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во којашто ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година. И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеникФранцуски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување. „Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X. Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“. On the channel today monitoring illegal migrant crossings … as I was being interviewed by the BBC just now a French warship approached close and fired 17 live rounds behind us. There was no notice or training exercise in place. Felt like warning shots or attempted intimidation pic.twitter.com/tuDv4DOnFO — Chris Philp MP (@CPhilpOfficial) July 28, 2026 Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар. Ако Филипче заборавил граѓаните знаат дека СДС е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари. СДС, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници. Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, се уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДС, ДУИ и Таравари, не успеа да го реши проблемот со загадената вода, па затоа владините институции мораа да ја земат работата во свои раце и да ја решат кризата во рекорден период. Се обезбеди флаширана вода за граѓаните, се користи повторно водата за техничка употреба, а во наредните денови ќе се обезбеди водата да биде користена и за пиење. Почитувани, Токму тоа се двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари. Кога нивен функционер ќе потфрли, нема критика, нема осуда, нема барање за одговорност, туку молк и заштита. Граѓаните гледаат дека за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат само кога им одговараат политички. Одговорноста не смее да зависи од тоа на која партија и припаѓа некој функционер. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20