Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот
2Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
МакедонијаУставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активностиУставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација.Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и стекнување политички поени. Меѓународната соработка била и ќе остане една од стратешките определби на Судот и претставува составен дел од неговото институционално дејствување. Оваа година, како и претходно, Уставниот суд интензивно работи на афирмирање на својата меѓународна позиција, при што има склучено три Меморандуми за соработка и разбирање со сродни институции, односно со Уставниот суд на Република Косово, со Врховниот Уставен суд на Арапската Република Египет и пред два дена, со Уставниот суд на Република Србија. Дополнително, на Судот му е доверено да претседава оваа година со Балканскиот форум на уставни судови и да го претставува на значајни меѓународни настани. Уставниот суд останува доследен на својата уставна надлежност и независност. Судот нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи и да ја зајакнува својата меѓународна соработка. Воедно, Судот апелира политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да работат во интерес на државата и граѓаните, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и на институциите кои се најповикани да го штитат уставниот поредок. Независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се вредности што треба да бидат заеднички интерес на сите општествени чинители. Затоа, недозволени се и апсурдни квалификациите од некои политички фактори дека одлуки на Уставниот суд се „неуставни” или „незаконски“. Согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, и општозадолжителни. Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните. Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка. Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир. (https://ustavensud.mk/archives/32056 и https://ustavensud.mk/archives/20991 ). Оттука ги повикуваме сите политички чинители, да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на единствената институција која е чувар на Уставот и на уставно правниот поредок на државта.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска годинаСписоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот. Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионотВо Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан. Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани. За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас. Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата. Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми. Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена. Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија. Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес. На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаДенеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за за пожарот во дискотеката „Пулс. Во текот на доказната постапшка се оечкува да сведочат дури 244 лица, информираше претседателката на Кривичниот суд. Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на Пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Согласно законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка Одбраната на Јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до јавното обвинителство, од каде, според судот, сè уште нема пристигнато мислење.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook