Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик од 2023

Уставните судии ќе ја преиспитуваат уставноста на контроверзните измени на Кривичниот законик. Иако судијата известител даде предлог за отфрлање на иницијативата на Павле Трајанов, мнозинството одлучи сепак да поведат постапка. 

Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик од 2023

Сега Уставниот суд ќе го извести Собранието дека има шест месеци за нова интервенција во КЗ, во спротивно - судиите ќе изготват нов реферат за укинување или поништување на постоечките измени.

Претходно на седницата судијата-известител, Елизабета Дуковска рече дека подносителот Трајанов има неосновани наводи за пакетот измени на КЗ, но и за поединечното оспорување на членовите кои се променија во 2023та.

„ Кога зборуваме за законот во целина, односно за европското знаменце, скратената постапка во Собрание итн, тоа се прашања кои ги надминуваат ингеренциите на Уставниот суд. Ние сме тука за уставноста, а тоа би било конкретно оценување на закон. Ние немаме надлежност да цениме дали овој закон е во согласност со Деловникот на Собранието и затоа не треба да се покрене постапка “ - Елизабета Дуковска судија известител

Спротиставеноста во ставовите разви долга дебата меѓу судиите. Дел од нив оценија дека постои сериозна повреда на уставноста, дека се работи за штетни измени како вид на скриена амнестија за функционери, додека пак некои од судиите рекоа дека не може да се навлегува кои биле намерите на пратениците кои гласале и не може да се мешаат во работата на Парламентот.

„ Што и да одлучиме на крај, се сомневам дека штетите може да се поправат. Собранието го повреди политичкиот плурализам. Овие измени не се ништо друго освен покажување на моќ и ароганција, направен е невиден упад во судскиот систем со непоправливи последици. “-Дарко Костадиновски претседател на Уставен суд

„ Како граѓанин воопшто не се согласувам со ваков закон, но како судија - не сум јас таа која треба да ги одредува висините на казните. Да не ја бараме вината кај пратениците, туку кај оние кои водат судски постапки со години. Како е донесен овој закон не е надлежност на уставниот суд. “ - Добрила Кацарска уставен судија

„ И од формален и од материјален аспект овие измени се неуставни. Не може постојано да се повикуваме на воспоставена пракса дека не може да се мешаме во вакви предмети, кога и ние сме состав кој треба да воспостави пракса за во иднина. Да се погледнеме во очи, нема друг орган кој ја цени уставноста, освен Уставниот суд. “-Ана Павловска Данева уставен судија

Со измените на КЗ од септември 2023 година беа направени интервенции во неколку членови, од кои најмногу реакции предизвика намалувањето на казните за злоупотреба на службена положба при јавни набавки. Од неодамна пак работна група на Министерството за правда крои нови измени, каок преодно решение до целосно новиот Кривичен законик најавен да се усвои најдоцна до јуни.

Мистериозно златно јајце на длабочина од 3.300 метри на дното на океанот ги збуни научниците

Во 2023 година, американската агенција NOAA ги истражуваше богатите подводни пејсажи на брегот на Алјаска и наиде на неверојатно откритие.

Мистериозно златно јајце на длабочина од 3.300 метри на дното на океанот ги збуни научниците

На длабочина од 3.300 метри, каде што сончевата светлина не продира, роботско возило фатило „златно јајце“ кое научниците досега не го виделе.

„Не знам што да мислам“

Бизарната „топка“ била цврсто прицврстена за карпа расфрлана со корали. Имала дијаметар од 10 сантиметри и дупка на едната страна, потсетува Science Alert.

Истражувачите не биле сосема сигурни што претставува, а првичните претпоставки беа дека се работи за остатоци од јајце или морски сунѓер.

„Не знам што да мислам“, рече еден од членовите на експедицијата, додека други истакнаа дека големата дупка покажува дека нешто се обидело да влезе или излезе.

„Само се надевам дека нешто нема да излета кога ќе се доближиме до него. Ова е како почеток на хорор филм“, додал научникот.

„Прилично е големо“

Британски Гардијан објави за хипотезата дека нешто се извело од „јајце“, а тоа не било мало.

"Претпоставуваме дека е јајце поради структурата. Изгледаше месесто и немаше очигледна анатомија. Дупката сугерира дека нешто излегло или влегло внатре. Сепак, не изгледа како ниедна јајце клетка што сум ја видел досега", вели екологот Кери Хауел од Универзитетот во Плимут.

„Ако е јајце, навистина е интересно прашање чие е. Тоа е прилично големо. Не е рибно јајце“, додаде тој.

Со помош на роботска рака, истражувачите нежно го притиснале „златното јајце“ и утврдиле дека е меко, пред да го извадат од дното на океанот за понатамошно проучување.

Тајните на светските океани

Значи, ако се работи за јајце, има нешто необично во сето тоа. Очигледно има многу што се случува во негостопримливите длабочини на океанот што сè уште не го разбираме.

Огромниот притисок и ниските температури се само два фактори кои ги спречија луѓето интензивно да ги истражуваат темните длабочини. Сепак, технологијата напредна и сега можеме безбедно да ги откриеме тајните на светските океани.

„Иако успеавме да го собереме и да го донесеме на бродот, сè уште не можеме да го идентификуваме, освен фактот дека е од биолошко потекло. Ова откритие служи како потсетник за тоа колку малку знаеме за нашата планета и колку останува да се научи за океаните“, велат научниците.

Врховниот суд на Бразил одобри судење против Болсонаро

Бразилскиот Врховен суд денеска со мнозинство гласови одлучи поранешниот претседател Жаир Болсонаро да биде изведен пред суд по обвинение за заговор за соборување на владата по изборниот пораз во 2022 година.

Врховниот суд на Бразил одобри судење против Болсонаро

Тројца од петтемина судии гласаа за судење против Болсонаро. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со казна затвор од над 20 години.

Судијата Алешандри де Мораис на денешното рочиште покажа снимки од насилниот упад во владините згради, што се случи една недела по инаугурацијата на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва во јануари 2023 година.

Болсонаро, кој ја водеше земјата од 2019 до 2022 година, е обвинет за пет кривични дела, меѓу кои и обид за насилно укинување на демократскиот поредок.

- Болсонаро систематски ја поткопуваше довербата во електронските гласачки машини во обид да ја дискредитира својата изборна загуба, рече на судењето судијата Мораис.

ЕУ со строги правила за несовесни возачи- одземање на возачка во една, ќе важи во сите 27 земји

Европскиот парламент и претставниците на земјите-членки постигнаа договор за нова директива која ќе овозможи забраната за возење наметната во која било земја-членка на ЕУ да важи во целата Унија.

ЕУ со строги правила за несовесни возачи- одземање на возачка во една, ќе важи во сите 27 земји

Оваа значајна промена носи ново ниво на координација на транспортната политика на Европската унија и ја зголемува безбедноста на патиштата во сите 27 земји-членки, пренесе Телеграф.

Според новиот договор, доколку возачот направи сериозен сообраќаен прекршок во земја на ЕУ, казната за суспендирање на возачката дозвола ќе важи и во земјата каде што е издадена дозволата. Ова претставува значителна промена од досегашната практика, според која забраните за возење се применуваат само во земјата каде што е извршен прекршокот.

Земјата што ја издала возачката дозвола ќе биде обврзана да ја спроведе забраната за возење низ цела Европската унија, што значи дека возачите повеќе нема да можат да ги избегнат последиците од сериозни прекршоци со преминување на границата.

Кои прекршоци резултираат со забрана за возење во ЕУ?

Новите прописи ќе се применуваат особено за најтешките сообраќајни прекршоци како што се возење под дејство на алкохол, значително пречекорување на дозволената брзина или предизвикување сообраќајни незгоди со смртни последици. За забраната да важи низ ЕУ, таа мора да биде изречена за период од најмалку три месеци и да се исцрпат сите правни лекови.

Досега беше практика возачката дозвола целосно да се одземе само во земјата во која е издадена. Во случај на прекршоци извршени во други земји-членки, забраната за возење се применуваше исклучиво на територијата на државата во која е изречена казната, што создаде правни дупки што некои возачи ги искористија.

Дигитализација на возачките дозволи до 2030 година

Покрај усогласувањето на системот на казни, Европскиот парламент и земјите членки се договорија и за воведување дигитални возачки дозволи кои ќе важат низ ЕУ. Овој проект треба да се реализира до 2030 година и дополнително ќе ја олесни контролата и спроведувањето на сообраќајните прописи.

Иако Европскиот совет и Европскиот парламент сè уште треба официјално да ги усвојат овие планови, ова се смета за обична формалност, бидејќи суштинскиот договор веќе е постигнат меѓу клучните засегнати страни.

Оваа реформа претставува значаен чекор кон создавање на единствена европска област на полето на безбедноста на патиштата и ја покажува подготвеноста на ЕУ да преземе посериозен пристап кон прашањето на сообраќајните прекршоци кои одземаат илјадници животи на европските патишта секоја година.

притисни ентер