Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканУставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ. Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ. „Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој. „Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс. „Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ. Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот. „Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПрво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионистиНајдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички наградиУметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter