3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаУставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините.За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден бројот на членовите на советите во општините. Во иницијативата е наведено дека Владата нема законско овластување за вакви одлуки и бројот на членовите којшто е определен со оспорената Одлука е различен од начинот предвиден во членот 34 од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека Одлуката не содржи податоци врз основа на кои е определен бројот на членовите на советите, што истата ја прави нејасна и спротивна на член 9 алинеја 3 од Уставот. Втората иницијатива е поднесена од Ќенан Алија кој тврди дека оспорената Одлука е во спротивност со член 8 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и со членови од Законот за локална самоуправа. Се наведува дека извршната власт не може да го одредува бројот на членови во советот на општините спротивно од официјалните податоци добиени од Пописот во 2021 година. Подносители на третата иницијатива се Блерим Беџети, координатор на пратеничката група „Европски фронт” и Сали Мурати, пратеник на пратеничката група „Европски фронт”. Во неа меѓудругото се наведува дека со оспорената одлука се повредува член 34 од Законот за локалната самоуправа, бидејќи според тврдењата се дава овластување на Владата да го уреди бројот на членовите на советот на општината. Според подносителите, член 36 став 3 од Законот за Владата овозможува да се донесат одлуки за да се спроведат законите, но не и да се носат одлуки кои се базирани на правно спорни или укинати методологии. За ова како аргумент ја наведуваат одлуката на Уставниот суд У.бр.251/2025 со која Судот укина делови од Методологијата за спроведување на пописот во 2021 година. Се наведува дека фактот со кој што Уставниот суд ги укинал спорните делови од Методологијата е од фундаментално значење за правна оценка на сега оспорената Одлука на Владата, бидејќи таа е основана на укинатите методолошки основи, односно на податоците од категоријата „резидентно население” според Пописот од 2021 година. Уставниот суд на денешната седница ќе го разгледува и барањето на новинарката Наташа Стојановска, поднесено преку адвокатот Филип Медарски, со кое се оспорува Пресуда 3 П4-240/22 од 15.06.2022 година на Основен граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-3340/22 од 19.12.2024 на Апелационен суд Скопје. Подносителката во барањето наведува дека нејзиното тужбено барање во делот на повредата на слободата на изразување е одбиено како неосновано од страна на двата суда преку донесување на пресудите, кои се однесуваат на настан случен на 27 април 2017 година во Собранието. Подносителката како акредитирана новинарка била присутна тој ден во Собранието за да известува за Телевизија 24, не само што била спречена да известува од критичниот настан, наведува дека била и нападната, по што за остварување на своите права после настанот отворила судски постапки против државата, поради фактот дека не ја заштитила безбедноста на новинарите при извршувањето на нивните задачи, во смисла на членот 10 од Европската конвенција за човекови слободи и права. Судовите го одбиле нејзиното барање за надомест на штета поради слободата на изразување, како неосновано.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаСилен бран одвлече девојче во морето, додека се шетало на позната плажа (ВИДЕО)Силен бран изненади девојче и ја одвлекол во морето, а сето тоа се случило на позната плажа во американската држава Орегон.Драматичниот момент е снимен на камера, детето завршило во немирната вода, додека нејзините родители веднаш истрчале да ја извлечат на безбедно, објавува Дејли Меил. „Не треба да му вртиш грб на морето“ Инцидентот се случил за време на викендот на плажата Канон, кога ненадеен, невообичаено силен бран го зафатил брегот и го соборил девојчето. Видеото го снимила Карин Келси Мадсен, која во тој момент шетала по плажата со својот сопруг. Видеото покажува како бранот прво го соборува детето, а потоа го одвлекува од нејзината мајка. Бела пена и вода покриваат дел од брегот, додека таткото трча кон девојчето за да го извлече. „Токму затоа не треба да му вртиш грб на морето“, може да се слушне како вели Карин. Мајката исто така паднала во водата, и штом станала, истрчала кон девојчето. Во меѓувреме, нејзиниот татко ја достигнал, ја зграбил за рака и ја кренал. Потоа семејството заедно се упатило кон брегот. Во тој момент, сопругот на Карин Келси Мадсен истрчал кон нив за да провери дали им е потребна помош. „Во ред е“, одговорила нејзината мајка. Што се ненадејни бранови? Авторката на видеото објаснила дека плажата во времето на инцидентот била полна со семејства и деца и дека била особено изненадена од фактот што многумина ги игнорирале предупредувањата на властите да не се приближуваат до водата тој ден. „Цел ден ги гледавме брановите како носат големи дрвја, додека доаѓаше плимата“, се присетила таа. Видеото навистина покажува големи парчиња дрво како водата ги влече во морето, на сличен начин како што девојчето било однесено претходно. Што се ненадејни бранови и зошто се опасни? Тие се силни бранови кои се појавуваат неочекувано и продираат многу подалеку по плажата отколку што би се очекувало врз основа на претходните бранови. Поради ова, може да ги изненади луѓето на брегот, соборувајќи ги и влечејќи ги во морето, заедно со песок, камења и парчиња дрво. Овие бранови не се невообичаени на плажата Канон, особено во есенските и зимските месеци.Тагови: бран девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо тоалет на авион била пронајдена порака за киднапирање- драма на аеродромот во Калкута Авион на „Ер Индија“ од Калкута до Мумбаи е испратен на детална безбедносна проверка откако во тоалетот на авионот била пронајдена заканувачка порака во врска со киднапирање, објавија медиумите.Белешката е откриена на огледалото во тоалетот утрово додека авионот се подготвувал за полетување од Меѓународниот аеродром „Нетаџи Субхас Чандра Босе“ во Калкута, објави NDTV. Пилотот веднаш ја известил контролата на воздушниот сообраќај. Потоа авионот беше преместен во зона за изолација, каде што персоналот на Централните индустриски безбедносни сили (CISF) и персоналот за безбедност на аеродромот започнаа темелна потрага по авионот за сомнителни предмети. Полицијата и безбедносните агенции започнаа истрага за да утврдат кој ја напишал пораката и кој би можел да стои зад заканата. Снимките од безбедносните камери од аеродромот и авионот се прегледуваат како дел од истрагата.Тагови: авион Калкута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
БизарноТатко и син купиле куќа, која криела вековна тајна- сега ќе добијат милион евра како награда (ВИДЕО)Шпанец ќе добие повеќе од милион евра откако случајно открил ренесансен споменик, скриен зад ѕидовите на куќата што ја купил за реновирање.Откритието, кое се случи пред 10 години во градот Убеда, покрена долга судска постапка, бидејќи регионалните власти првично одбија да ја платат пропишаната награда. Светилиштето датира од 1347 година Станува збор за Хуан Франциско Леон Катена, жител на Убед во провинцијата Хаен, каде во ноември 2016 година е снимено необичното откритие. Убеда, заедно со соседниот Баез, е на листата на светско наследство на УНЕСКО од 2003 година, а случајот што започна како обично реновирање се претвори во една од понеобичните приказни за скриеното културно наследство. Сега, десет години подоцна, откако Врховниот суд го заврши правниот спор, сопственикот на куќата треба да ја добие паричната награда предвидена во Законот за историско наследство. Комисијата за оценка на регионалната влада на Андалузија утврдила дека за случајното откривање на споменикот има право на повеќе од еден милион евра. Кога Хуан и неговиот татко почнале да отстрануваат делови од ѕидовите, наишле на фасадата на црквата на поранешната болница Свети Хорхе, пишува El Pais. Светилиштето датира од 1347 година, но изложената фасада е создадена подоцна, на крајот на 15 век. Широк е 15 метри и висок 11 метри, а му се припишува на Андрес де Ванделвира, еден од најважните архитекти на шпанската ренесанса, кој оставил голема трага во изградбата на најважните споменици на Убеда и Баез. „Помина премногу време“ Експертите кои го анализираа споменикот по неговото откривање ги истакнаа неговите исклучителни уметнички и историски вредности, како и неговата добра состојба на зачувување. Посебно ја истакнаа естетската вредност, како и тоа што претставува пример од доцната ренесанса на влезот во погребната капела. Станува збор за исклучително ретко архитектонско решение, кое дотогаш не било познато во Убеда. Поради важноста на откриениот споменик, Министерството за култура на Андалузија утврди дека сите работи во објектите каде што се наоѓа фасадата мора да ги почитуваат ограничувањата од член 33 од Законот за историско наследство. Тоа практично значи дека не е дозволено да се вршат никакви операции на ова заштитено културно добро што би можело да го загрози. „Помина премногу време, а сега ми е најважно овој споменик, кој беше скриен речиси шест века, што поскоро да и биде претставен на јавноста“, вели Хуан, кој преговара со градските власти за најдобар начин откриеното наследство да биде достапно за посетителите. Сопственикот предложил фасадата да се остави изложена и видлива од улица, дури и ако тоа значи намалување на корисната површина на куќата. За возврат, тој очекува градската управа да ги преземе трошоците за реновирање на четирикатницата. „Доколку градската администрација не може или не сака да ги изврши овие работи, треба барем да им дозволи на оние кои се подготвени да ги изведат да продолжат со проектот, со сите потребни законски гаранции“, рече тој. Променети семејни планови Покрај долгото чекање за решение, сопственикот е загрижен и за состојбата со објектите каде што се наоѓа откриениот споменик. Извештајот за конзервација и реставрација, нарачан од владата на Андалузија за време на процесот на евалуација на паричните награди, предупреди на сериозни проблеми со зградите околу неа, кои се во сопственост на градот. Во документот се наведува дека лошата состојба на покривите на куќите со број 10 и 12 е причина за значително навлегување на дождовница. Водата ги загрозува градежните материјали, но и самата ренесансна фасада. Исто така, поради влага скапуваат дрвените конструкции и греди, што ја нарушува стабилноста на зградите и создава опасност од нивно уривање. Во извештајот се забележани и траги од гнили и мувла на дрвените делови од таванот, како и габични колонии на подот на соседните простории, кои се фаворизирани од влага и недостаток на светлина. „Секој месец без интервенција, загриженоста расте. Извештајот веќе предупреди што може да се случи, а ние сè уште немаме решение“, се пожали Хуан. Ова откритие целосно ги променило плановите на семејството. Наместо да купат стара куќа, постепено да ја реновираат и да живеат во неа, тие се нашле во ситуација да станат чувари на исклучителен ренесансен споменик за кој се верувало дека засекогаш е изгубен. Семејството сега живее во друга куќа што ја купиле на истата улица, додека чекаат да се донесе одлука што ќе биде со историското наследство. Хуан вели дека веќе има различни предлози од приватни иницијативи за презентирање на фасадата пред јавноста, но дека конечната одлука ќе зависи од резултатите од археолошкиот проект кој допрва треба да се реализира. Засега остана на местото каде што беше откриен, ограден и заштитен, во истите услови во кои беше од ноември 2016 година. Решен правен спор Иако Законот за историско наследство на Шпанија од 1985 година предвидува парична награда за случајни археолошки откритија, Хуан мораше да оди на суд за да го оствари ова право. Законот предвидува дека случајни откритија се оние направени случајно или за време на разни работи, како што се ископувања, рушење и други градежни активности. Сепак, регионалните власти на Андалузија првично одбија да ја исплатат наградата, наведувајќи исклучок предвиден во прописите за заштита и промоција на историското наследство на регионот. Тие тврдеа дека откриената фасада наводно го содржи грбот на семејството Месија, кој се смета за хералдички симбол и има статус на имот од културен интерес. Високиот суд на правдата на Андалузија го отфрли ова образложение, бидејќи властите не успеаја да ги докажат своите тврдења. По долга постапка, Врховниот суд конечно го реши спорот, отворајќи го патот сопственикот да добие награда од повеќе од еден милион евра. Па така, Хуан, кој сакал само да реновира стара куќа, наместо вообичаените градежни работи, случајно открил дел од историјата за кој се верувало дека исчезнал - и морал да ги добие парите што законски му припаѓале дури по 10 години и долг судски процес.Тагови: куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter