Уставниот суд ќе ја одржи 26. седница - Канал 5

Уставниот суд ќе ја одржи 26. седница

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26. седница на чиј дневен ред се осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права. 

Уставниот суд ќе ја одржи 26. седница

Уставните судии, како што е најавено, треба да дискутираат по иницијативата со која се оспорени Член 6 став 2, член 37 став 2, член 111 ставови 4 и 5, член 123 став 1, член 138 став 3 и член 139 став 2, сите во делот „напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на територијата на Република Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот” од Законот за заштита на потрошувачите.

Подносителите во иницијативата наведуваат дека со Уставниот амандман V покрај македонскиот јазик е предвидено „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните е исто така службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член” и смета дека ова се однесува како обврска на државата и институциите, но не и на приватните лица.

Уставните судии ќе дискутираат и по иницијативата со која е оспорен Член 59 и делот „не“ од член 63 став 3 од Законот за прекршоците.

Подносителот на иницијативата тврди дека со оспорениот збор „не” постои можност органот самостојно да ја менува правната квалификација на прекршокот кој е даден, како во барањето за поведување на прекршочна постапка, што може да доведе до неизвесност при воспоставување на нова состојба различна од онаа што ја дал како предлог подносителот на барањето за поведување на прекршочна постапка.

На дневен ред е и иницијативата за оценување на Член 4 став 7 во делот „буџетскиот корисник од прва линија“ и член 7 став 3 во деловите „втора линија буџетски корисници“ и „буџетскиот корисник од прва линија“ од Законот за трансформација во редовен работен однос.

Подносителот на иницијативата тврди дека Законот за буџетите не уредува „буџетски корисник од прва линија” ниту „буџетски корисник од втора линија”. Според наводите, оспорените делови може да предизвикаат правна несигурност при примената и не се во согласност со темелното начело на владеење на правото.

Уставните судии ќе ја резгледаат и иницијативата со која е оспорен член 145 став 1 во делот „и тоа од денот кога до тој работодавец е доставен налогог за извршување“ од Законот за извршување.

Подносителот на иницијативата наведува дека со оваа одредба се овозможува злоупотреба на Законот. Се тврди дека со Законот се нарушува редоследот на намирување на долгот и според него потребно е воспоставување на ист редослед на намирување на долгот исто како и кај претходниот работодавач. На овој начин, според подносителот, од прва страна за намирување на долгот, при менување на работни места на должникот, постои опасност тој долг да стане последен во приоритетите за намирување па дури и никогаш да не биде наплатен.

На дневен ред на денешната седница, како што е најавено, се и иницијативите со кои се оспорува делот „како извршна исправа“ во став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување; член 114 став 1 точки 4 и 7 од Колективниот договор на Министерството за одбрана; член 17 став 3 од Статутот на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитните друштва на Македонија и Член 7 став 5 и член 8 став 3 и став 8 алинеја 1 од Тарифата на премии за осигурување на сопственици на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Уставниот суд, на денешната седница, треба да го разгледа и барањето за заштита од дискриминација по основ на политичка припадност согласно член 110 алинеја 3 од Уставот, поднесено од Александар Наумоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот жител на Конго ја прими експерименталната вакцина против опасен вирус

Првиот човек во Демократска Република Конго вчера прими експериментална вакцина против смртоносниот вирус Бундибугио, сој на ебола, објавија Универзитетот во Антверпен и Институтот за тропска медицина, чии тимови учествуваат во теренската работа.

Првиот жител на Конго ја прими експерименталната вакцина против опасен вирус

Станува збор за клиничко испитување кое ќе тестира неколку експериментални вакцини, објави фламанскиот јавен радиодифузер VRT.

Неколку кандидати ќе бидат оценети истовремено во испитувањето.

Во моментов нема одобрена вакцина против најновиот сој на ебола.

„Ова испитување е важен чекор во одговорот на итните потреби на погодените заедници“, рече Стив Ахука-Мундеке, координатор за одговор на ебола во земјата.

Тој рече дека приоритет е да се запре преносот на вирусот и да се спасат животи, а истовремено да се усогласи истражувањето со потребите на тимовите што работат на првите линии.

Берн-Томас Њангва, локалниот директор на Лекари без граници, го нарече „клучен чекор“.

„Соработката со заедниците е од суштинско значење за градење доверба и обезбедување учество во развојот на вакцини што ќе им бидат достапни на оние на кои им се најпотребни“, рече Њангва.

Откако започна епидемијата во мај, вирусот Бундибугио се прошири од ДР Конго во Уганда, Франција и Кенија, а на 20 октомври беше потврден првиот случај во Нигерија.

Ширењето на ебола надвор од Демократска Република Конго ги зголеми загриженостите на здравствените власти за потенцијалот за брзо пренесување на реткиот вирус Бундибугио, кој инфицираше повеќе од 9.000 луѓе и уби повеќе од 4.300.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар во рускиот град Омск по напад на Украинците (ВИДЕО)

Дронови ја нападнаа хемиската фабрика Омски Каучук во рускиот град Омск во саботата и предизвикаа пожар. 

Огромен пожар во рускиот град Омск по напад на Украинците (ВИДЕО)

Фабриката се наоѓа на приближно 2.500 километри од украинската граница, пишува Украинска правда.

Детали за нападот

Украинската заедница ОСИНТ Ексиленова+ објави видео од нападот, а инцидентот го потврди и гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко. Според информациите на аналитичарите, ударот предизвикал голем пожар во индустриската зона на фабриката.

Првите податоци укажуваат на удари во близина на два производни капацитети. „Првичните извештаи засновани на геолокацијата укажуваат на удари во близина на единицата Д-3, каде што се произведува метил терц-бутил етер, и единицата Д-5“, рече тој во соопштението.

Поврзани инциденти

„Украинска правда“ претходно објави дека во саботата наутро била погодена и фабриката „Тољатикаучук“ во градот Тољати во областа Самара. Таму по нападот е забележана експлозија и пожар.

Ден претходно, на 23 октомври, беше нападната главната производствена зграда на фабриката „Протон-Електротекс“ во Орел. Станува збор за погон со целосен производствен циклус кој произведува оптоелектронска опрема и уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

Ким Кардашијан ги продолжи прославите на својот 46-ти роденден со патување во Италија. 

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

По свечената вечера во Лос Анџелес, ријалити ѕвездата отпатува во Рим, каде што нејзиното појавување во фустан со особено длабоко деколте привлече големо внимание од минувачите и фотографите.

Речиси веднаш по семејната прослава во Беверли Хилс, Кардашијан се качи во авион и се упати кон Европа со нејзината мајка, Крис Џенер. Нивната дестинација беше Рим, каде што обиколуваа луксузни бутици, вклучувајќи ја и продавницата за накит „Булгари“, што создаде возбуда кај минувачите и папараците. Иако момчето Луис Хамилтон не ѝ се придружи на патувањето, Кардашијан изгледаше во одлично расположение.

Избор на фустан за обиколка на бутикот

За обиколка на продавниците, таа избра тесен бел макси фустан со плисови на пределот на стомакот и врзување околу вратот. Деколтето беше толку длабоко што мораше да го држи материјалот со рака кога излегуваше од автомобилот за да избегне несреќа пред собраните фотографи.

Изгледот го комплетираше со високи чевли на платформа и црна коса врзана во висока опашка. И Крис Џенер можеше да се види во позадина, како се одлучува за класично розово јакна од Шанел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер