Уставниот суд ја прифати иницијативата на Мирчевски и Видиновски за правилникот за сообраќајни знации - Канал 5

Уставниот суд ја прифати иницијативата на Мирчевски и Видиновски за правилникот за сообраќајни знации

Уставниот суд ја прифати иницијативата на директорот на Канал 5 ТВ – Иван Мирчевски и новинарот – Александар Видиновски и донесе одлука да ги направи првиот чекор кон поништување или укинување на правилникот за кодот „НМК“.

Уставниот суд ја прифати иницијативата на Мирчевски и Видиновски за правилникот за сообраќајни знации

Уставниот суд ја прифати иницијативата на директорот на Канал 5 ТВ – Иван Мирчевски и новинарот – Александар Видиновски и донесе одлука да ги направи првиот чекор кон поништување или укинување на правилникот поради кој на сообраќајните знаци во Србија, кои ги означуваат насоките на движење, сме наведени со кодот „НМК“, што е спротивно на меѓународните договори, вклучувајќи го и Преспанскиот.

Мирчевски изрази задоволоство што на денешната седница на Уставниот суд иницијативата го помина првиот филтер и се надева дека и гласањето ќе биде позитивно по истата. Воедно, ваквиот правилник го нарече срамен и го оцени како самопонижување.

-Денешното гласање е доказ за нашиот ментален склоп, за Македонците, односно какви сме ние „махери“ да си направиме самопонижување, верувале или не, во 2020 година, двајца тогашни министри во техничката Влада, Горан Сугарески од СДСМ и Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ потпишале ваков правилник, ваква правна норма каде што самите одлучиле дека кодот за сообраќајни знаци е „НМК“. Јас не знам што повеќе да кажам, само ќе се потсетам на еден познат виц кога требале наши луѓе да се бесат, прашале „Ќе ни дадете вие јаже или сами од дома да си носиме?“,- -Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 ТВ.

Новинарот Видиновски посочи дека владиниот вицепремиер Стоилковиќ кој вети дека ќе се заложи за промена на ваквата состојба сега има аргумент плус во својата борба за побргу да се отстрани, како што вели, навредувачкиот код за македонските граѓани.

-Овој правилник од вицепремиерот Стоилковиќ беше потенциран како пречка зошто не може да си го оствари своето јавно дадено ветување на Канал 5, дека ќе лобира во Србија на навредувачкиот за нас код НМК од автопатите во Србија да се тргне. Се надеваме дека во почетокот на следната година ќе биде овој документ целосно тргнат, така што ќе му дадеме еден аргумент плус во борбата негова за во Србија да се тргнат овие навредувачки кодови. Се надеваме дека во тоа ќе успееме и дека тоа ќе биде причина плус за да нема никакви проблеми помеѓу двата братски народи српскиот и македонскиот, бидејќи голем дел од македонците се навредуваат поради тоа и една порака, дека никој не е поважен од државата и од гордоста на граѓаните, во случајов Македонија,- -Александар Видиновски – Новинар – Канал 5 ТВ.

Во оваа прва фаза судот изрази сомнеж дека правилникот е неуставен. Сега следува пишување на конечната одлуката, која ќе ги содржи и мислењата на подносителите на правилникот, односно актуелните ресорни министри, по што ќе се донесе конечна одлука, дали ќе се поништува или ќе се укинува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер