Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за ДУП-от Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар

На денешната, 12-та седница на Уставниот суд присуствуваше градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Уставниот суд со денешната одлука ја потврди законитоста при носењето на ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар и донесено е Решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка на Одлуката на Советот на Општина Центар бр.08-2925/6 од 11 јуни 2019 година. Со ова се отфрлува Иницијативата поднесена од ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје. Постапката која претходеше на донесувањето на оспорената Одлука е спроведена согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

На денешната, 12-та седница на Уставниот суд присуствуваше градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

– Би сакал да ја информирам јавноста дека подносителот на Иницијативата го поднел известувањето за јавна анкета надвор од предвидените законски рамки, додека Општина Центар во меѓувреме ја има завршено постапката согласно Законот пред надлежните органи од Министерството за транспорт и врски и Град Скопје за добивање позитивно мислење за ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз", изјави Богдановиќ.

Тој наведе дека со донесување на Деталните урбанистички планови, донесени во 2012-та година не се почитувани стандардите и нормативите за урбанистичко планирање и на тој начин е оштетен јавниот интерес, како главен постулат на кои се засновани Деталните урбанистички планови во Општина Центар.

– Со непочитување на стечените права и зголемување на катноста, на места каде не треба да постојат осум ката, била предвидена надградба со која се дозволувала градба на повеќе од осум ката. На овој начин директно е причинета штета на постоечките права, како и основните стандарди за обезбедување квалитетен живот на центарци, истакна градоначалникот.

Тој нагласи дека и тие, како Општина Центар при носење на Деталните урбанистички планови, се придржуваат на стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето, подобрување на условите преку плански одредби кои воведуваат повисоки стандарди во однос на постојната состојба или во однос на претходниот урбанистички план, хармонизација и хуманизација на просторот со плански одредби кои ќе ја штитат и стимулираат приватната сопственост, но на начин кој нема да го повреди јавниот интерес.

– Со денешната Одлука, Уставниот Суд на РМ ја потврди Одлуката на Советот на Општина Центар и состојбата на објектите од ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз. Успешното спроведување и донесување на нови и ревидирани ДУП-ви кои произлегуваат од таканаречениот Мораториум на градби, Општина Центар ќе продолжи да го спроведува, се' со цел да се донесат подобри Детални урбанистички планови за жителите на Општина Центар и зголемување на квалитетот на живот во Општина Центар, заклучи Богдановиќ. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер