Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)
2Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)
СветУставниот суд го смени премиерот на ТајландУставниот суд на Тајланд денеска го смени премиерот Срета Тависин поради кршење на етичките принципи. Против Срета е отпочната постапка пред Уставниот суд бидејќи за министер именува поранешен адвокат, кој бил во затвор поради обид за подмитување на судски службеник. - Срета како премиер има единствена одговорност за проверка на квалификациите на членовите на неговиот кабинет. Тој знаел за минатото на Пичит, но сепак го именувал со што ги прекршил етичките кодекси, се наведува во образложението на Уставниот суд. Срета тврди дека никогаш не било докажано обвинението за поткуп против Пичит Чуенбан, кој беше именуван за министер во април при реконструкцијата на владата. Пичит неколку недели по именувањето поднесе оставка. Пичит во 2008 година беше осуден на шест месеци затвор поради непочитување на судските обвиненија, откако тој наводно се обидел да поткупи судија, кој работел на случајот на поранешниот премиер Таксин Шинаватра со два милиони бати (55.000 долари). Срета е четврти премиер на Тајланд која во изминатите 16 години е сменет од страна на Уставниот суд. Тој на власт беше помалку од една година, а сега Владата останува на привремена функција додека Парламентот не одобри нов премиер, за што не постои временско ограничување. На Тајланд изминатите две децении сменети се неколку влади и забранети се политички партии од страна на Уставниот суд, кој минатата недела ја распушти опозициска партија Тргни напред, пресудувајќи дека нејзината кампања за реформа на законите против навредување на круната доведува до ризик од поткопување на уставната монархија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаСДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долготМинистерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме. Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново: „Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“ Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра. Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска. Го признава и самата Кочовска. Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ. Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат. Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година. Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАктерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)Пратеничката на СНС Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, предизвикувајќи хаос пред влезот во Парламентот утрово, 17 ноември, пред почетокот на првата седница.Додека идните пратеници минуваа низ кордон, актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата, објави Телеграф. Lidija Vukićević i zamena za šišanje 👀😂😏 https://t.co/4l8YeGTQO6 — Блажо Ђуровић 🇦🇷 (@DjurovicBlazo) November 17, 2026 Патем, ова ќе биде трет мандат на Лидија во српскиот Парламент, овој пат како пратеничка од партијата СНС. Актерката беше пратеничка два мандата: - Од 2007 до 2008 година (7-ми состав) - Од 2008 до 2012 година (8-ми состав) Вкупно, таа помина околу 5 години како пратеничка (како членка на СРС) во тој период. Денес (17 ноември 2026 година) се одржува конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Србија, каде што таа повторно се појави како пратеничка, а нејзините мандати во новото свикување штотуку почнуваат да се потврдуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори. Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа. „Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко. Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат. Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск. Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила. Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите. Russia targeted Kyiv's Pivnichnyi Bridge (Northern Bridge) in retaliation for Ukrainian UAV attacks on the Crimean Bridge. https://t.co/gojfOi782e — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) November 16, 2026 Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања. Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.Тагови: Дњепар Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook