Уставни измени без јасни гаранции за Македонија од ЕУ нема да има, вели Мицкоски - Канал 5

Уставни измени без јасни гаранции за Македонија од ЕУ нема да има, вели Мицкоски

Уставни измени без јасни гаранции нема да има – вели премиерот Мицкоски... 

Уставни измени без јасни гаранции за Македонија од ЕУ нема да има, вели Мицкоски

Без јасен и предвидлив крај на евроинтегративниот пат, јасни заклучоци од Европскиот совет и признавање на правата на македонската заедница во Бугарија, нема да ги направиме уставните измени, порача премеирот Христијан Мицкоски. Вели свесен е за лошата позицијата во која се наоѓа Македонија на евроитегративниот пат оставена од претходните власти, но дека и понатаму ќе се борат да обзбедат подобра позиција на патот кон ЕУ.

„Кај нашиот источен сосед политичарите за да го применат принципот на живковизмот чекаат децении да се родат политичпари од типот на преходните кои беа 7 годни, ако треба и ние ќе чекаме деции, но политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес – сум кажал ама еве пак ќе кажам немам намера додека јас сум претседател на Владата по било која цена да влезам во една таква авантура“

Премиерот вели дека владата и понатаму останува посветена на реформската агенда и дека целта е Македонија да биде најдобра во испорачувањета на реформите кои ги бара Унијата. Ниту денеска не откри кои се добрите вести кои се чекаат од Европската комисија, по неговата минатонеделна посета на Брсиел.

„Ние ќе си ја завршиме домашната задача. Нашата цел е во реформската агенда да го испорачаме и да биде први. Да ги испорачаме сите акциски планови за малцинство, се што се бара од нас ние да го испорачаме. Убеден сум дека заклучно со јунскиот извештај во делот на реформската агенда ќе бидеме најдобри, така што еве ако тие мислат дека треба да биде услов промената на Уставот, а во се друго да бидеме најдобри тогаш жалам но овде нема добар соговорник без да бидат исполнети другите детали. А секој еден треба да знае дека таа работа зависи од најголемата партија во државата, ВМРО-ДПМНЕ.“

Мицкоски во одговор на новинарско прашање ги демнатираше тврдењата на опозициската СДСМ дека коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се распаѓа како апсолутно неточни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер