Уставната жалба е потребна, но за нејзино воведување треба да се менува Уставот - Канал 5

Уставната жалба е потребна, но за нејзино воведување треба да се менува Уставот

Уставната жалба како механизам за заштита на човековите права и слободи е апсолутно потребна, но за нејзино воведување треба да се промени Уставот и тоа е чувствителна тема, за чие отворање потребно е да се создадат услови. 

Уставната жалба е потребна, но за нејзино воведување треба да се менува Уставот

Oва беше порачано на денешната дебата организирана од Уставниот суд околу воведувањето ваков инструмент, со поддршка на делегацијата на Европската Унија.

Според претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиносвски, време е за воведување на уставна жалба и темелна реформа на Уставниот суд и специјален закон што паралелно ќе се работат додека се создадат услови за тоа, за што како што рече се согласиле денеска и со премиерот Мицкоски.

-За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на Уставниот суд, бидејќи Уставниот суд на Македонија е единствен на европско тло што нема закон за уставен суд. Кај нас отварањето на уставот е секогаш чувствително прашање и тема, и затоа конечниот заклучок, барем според мене, е дека кога ќе се создадат услови, тогаш и ќе пристапиме кон таква институционална реформа“, изјави Костадиновски.

-Промена на Устав е политичка тема. Која што во случајов вклучува правна тема, односно потребата да конечно Уставниот суд некако добие своја тежина во самиот Устав, замислете Уставен суд нема своја тежина во самиот Устав. Од првиот момент на осамостојување до денес ова се провлекува. И сега ние сме дојдени до ситуација кога тоа што претставува товар на минатото треба да го решаваме и ќе го решиме кога ќе се создадат политички услови. Сега во моментот такви политички услови не се создадени, изјви Мицкоски.

Уставниот суд е вистински чувар на Уставот и арбитер на законитоста на државата, а неговите надлежности, автономност и отпорност се исклучително важни за владеењето на правото во државата но и за напредокот кон членството кон ЕУ, порачаа амбасадорите на ЕУ и на ОБСЕ Рокас и Вал на дебатата.

-Правдата и владеењето на правото ја доближуваме до јавноста, тоа е единствениот начин да се оди напред. Бидејќи нема едно магично решение коешто одговара на сите вклучително и за уставната тужба. Сите добро знаеме дека во ЕУ постојат различни држава со различни системи и коишто на различен начин го запазуваат ова - граѓаните да имаат пристап до уствната правда кога сметаат дека нивните основни права се загрозени, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

-Само 75 барања за утврдување на уставноста биле поднесени во последните 10 години што практично е само 5 проценти од вкупната работа на Судот. Спротивно на тоа преку 1000 апликации биле поднесени до Европскиот суд за човекови права во истиот период, што покажува дека има јасен јаз во достапноста и ефективноста на домашните правни лекови коишто им стојат на располагање на граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали воопшто се размислува за воведување на Бадентер во Уставниот суд, претседателот на Уставен повтори дека е категорично против. Таков механизам е за политички органи како Собранието, но во Уставниот суд која е чисто правна институција не е применлив. Можеби звучи брутално но подобро е да се затвори Уставниот суд отколку да се воведе таков механизам, кажа Костадиновски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог.

Брак на 22 години

Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа.

За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“.

Кариера и љубов

Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа.

Деценија брак и развод

Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“.

„Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време.

Нов живот и поглед назад

Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз.

„Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Од Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега.

Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови.

„ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и Цветанка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нивото на водата во Дунав нагло опаѓа, Унгарија итно гради брана

Унгарија се стреми брзо да го прегради Дунав, кој нагло опадна поради сушата, за да го одржи ладењето во нуклеарната централа Пакш, изјави денес премиерот Петер Маѓар.

Нивото на водата во Дунав нагло опаѓа, Унгарија итно гради брана

„Почнавме со изградба на ниска брана што ќе придонесе за трајно зголемување на нивото на водата во Дунав“, изјави Маѓар пред новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта.

Само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата сè уште работат за време на топлината и сушата што ги суши Дунав, Рајна и другите големи европски реки. Пред девет дена, електраната Пакш, која вообичаено снабдува најмалку една третина од потрошувачката на електрична енергија во Унгарија, беше на работ на целосно затворање. Континуираното работење на последната турбина зависеше само од неколку милиметри флуктуација на нивото на водата во Дунав.

Властите во Романија денес соопштија дека го исклучуваат вториот реактор во нуклеарната централа Чернавода поради ниските нивоа на водата во Дунав. Првата единица беше исклучена кон крајот на јули поради недоволна вода за ладење.

Унгарски војници работат дење и ноќе на изградбата

Пред да се заврши браната, два баржи долги 80 метри, поставени еден зад друг и нормално на течението на реката, ќе бидат намерно потопени за да се создаде почетен ефект на преградување. Браната ќе биде изградена од околу 185.000 кубни метри камен.

Според Маѓар, унгарските војници работат деноноќно на изградбата, која треба да биде завршена во следните четири недели. Се очекува дека ова ќе го покачи нивото на водата во Дунав за 1,2 метри пред системот за ладење на електраната Пакш. Премиерот ги процени трошоците на 19 милиони долари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер