Уставен суд: Седницата за законот за јазиците одложена - Канал 5

Уставен суд: Седницата за законот за јазиците одложена

Уставен ја одложи подготвителната седница за законот за употреба на јазиците, откако Управниот суд по две години донесе одлука да го поништи изборот на судијката известител во предметот Елизабета Дуковска.

Уставен суд: Седницата за законот за јазиците одложена

Ниту во јуни нема да има подготвителна седница на Уставниот суд за Законот за јазиците – откако првично таа беше презакажана поради трагедијата во Кочани, сега е одложена на неодредено, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, која е судија-известител за овој предмет.

Одлуката ја донеле уставните судии на работниот состанок денеска, меѓудругото и поради тоа што Судот има заклучок за Законот за јазици да се постапува само во полн состав од 9 члена. Околу останатите одлуки во чие носење учествувала Дуковска, од Уставен велат дека се конечни и извршни и нема по службена должност да ги преиспитуваат.

-Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности.- Уставен суд

Управен го поништи изборот на Дуковска, постапувајќи по тужба од Антоанета Димовска, сега членка на Судскиот совет, која во 2023 беше меѓу трите кандидатки за уставен судија, што треба да биде избран од редот на судиите. Но, откако Дуковска добила над 8 гласа, гласањето не продолжило за двајцата преостанати кандидати, што Управен го смета противзаконско..

-Судот наоѓа дека со ваквиот начин на гласање на членовите на Советот, односно со не гласање по останатите два предлози оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можност за реална поддршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можност да имаат ист третман и еднакви можности при изборот иако претходно сите три кандидати биле поддржани од членовите на Советот.- Управен суд

Од Судскиот совет нема официјален став за пресудата на Управен, но Министерот за правда смета дека тие се одговорни за нејзино спроведување.

-Надлежност за извршување на пресудата од Управниот суд има Собраноето, односно, во конретноот случај има Судскиот совет. Должност на Судскиот совет е да постапи согласно пресудата и препораките и да ја повтори постапката. Да ги земе в предвид препораките на Управниот суд и да достави нов предлог до Собранието. – Игор Филков – Министер за правда

Сепак, во пресудата не пишува, а надлежните инситуциите засега немаат одговор што ќе биде сега со мандатот на Елизабета Дуковска, избрана за уставен судија од Собранието на 9 години. Според Уставот, тој може да биде прекинат или со оствака или со правосилна пресуда која предвидува затворска казна од најмалку 6 месеци.. Разрешеување не е предвидено.

YouTube video

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ гостува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Станува ли збор за најсестраниот спортист меѓу пратениците?

Корупцијата го еродира системот, каде запнаа реформите?

Ни треба ли ЕУ зошто самите не знаеме како да ги спроведеме или тоа се само флоскули на опозицијата?

По мерит систем или според партиска книшка, како се добива работа во Македонија?

Колку кафе филџаните му се омилен кујнски прибор?

Дали трагедијата во Пулс , го разбуди пулсот на правдата кај политичарите или само ќе се делиме на ваши и наши?

Ќе се најдеме ли на половина пат со братска Софија или ќе го вртиме курсот?

Утре „На кавга со Иван“ Петар Ристески, во 23 часот.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

притисни ентер