ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија
1ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаУставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседанПодготвителната седница за Законот за јазиците одложена.Уставниот суд нема ја коментира пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска, но истакнува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови довело до создавање правен преседан со кој досега ниту еден состав на Судот не се соочил. Оттаму велат дека нема да ги преиспитуваат по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата. Овој преседан, според Судот, има значајни правни импликации врз неговото понатамошно постапување. - Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кој е доставена Пресудата У-5 бр.380/2025 од 15.05.2025 година на Управниот суд на Република Северна Македонија. Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности, стои во соопштението од Уставен. Се додава дека поради новонастанатата ситуација, Судот донел одлука да ја одложи подготвителната седница за предметот поврзан со Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што судијката е известител на овој предмет, а дополнително, Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот. Уставниот суд, воедно потсетува дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни, и нема да ги преиспитува по службена должност одлуките во кои учествувал судијата опфатен со пресудата на Управниот суд. Неправилно спроведена постапка за избор при која Судскиот совет не ги разгледал сите кандидати подеднакво и не ги почитувал критериумите од Законот за судски совет е причината поради која Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд. Според пресудата, во конкретниот случај, Судскиот совет донел одлука за избор на судија на Уставниот суд без целосно разгледување на сите предложени кандидати. Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во МакедонијаДодека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика. Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења. Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција. Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108. Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора. И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард. Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат. Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаОпштина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти. Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување. Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта. Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа. Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветРајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар протокРеката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.Тагови: Дунав Рајна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook