Уставен со одлука по иницијативата на Мирчевски и Видиновски за патоказните табли во Србија со „НМК“ - Канал 5

Уставен со одлука по иницијативата на Мирчевски и Видиновски за патоказните табли во Србија со „НМК“

Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација заминува во историјата. Уставниот суд попладнево донесе одлука за поништување на правилникот.

Уставен со одлука по иницијативата на Мирчевски и Видиновски за патоказните табли во Србија со „НМК“

Ова доаѓа по поднесената иницијатива за поништување или укинување од страна на директорот на Канал 5 ТВ, Иван Мирчевски и новинарот Александар Видиновски, а беше поднесена бидејќи на патоказите во Србија за Македонија беше користен кодот „НМК“, што е спротивно на меѓународните договори, вклучително и Преспанскиот. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски рече дека ќе треба да се донесе правлник кој ќе биде согласно закон.

-Поништувачкиот ефект на нашите одлуки е дека тоа што било предвидено со тој правилник не се случило, значи ќе мора да се врати претходната состојба или да се донесе нов правилник во кој ќе бидат уредени сообраќајните знаци, опремата и сигнализација на законски начин, зашто ова е правилник. - Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд

-Тој акт кој се поништува ќе се сметат како да ги нема. Тоа е дејството на одлуката на Уставниот суд која има поништувачко дејство. Значи тие нема да важат, ќе се почне Јово на ново. - Осман Кадриу – Судија во Уставен суд

На дневен ред на денешната петта седница на уставниот суд се најдоа и Измените на Законот за Пензиско и Инвалидско Осигурување за кои е донесена одлука да не се поведе постапка за измените. Судијата во Уставен, Осман Кадриу смета дека се дискриминаторски одредбите со кои се предвидува пензионерите кои биле надвор од државата по било кој основ во време на носењето на измените и дека им се нанесува финансиска штета на македонските пензионери кои се во странство, сепак мнозинството судии оцениле дека нема потреба да се покрене постапка. Костадиновски вели дека еден од главните аргументи на седницата бил дека пензионерите во и надвор од Македонија се во иста правна состојба, но не и фактичка, па со тоа немало прекршување на членот 9 од Уставот.

-Одлуката со потребно мнозинство е донесена на тој начин и во тој, да кажам во таа насока предлогот наш не беше прифатен. Мнозинството одлучи дека нема основ да се поведе постапка. – Судија во Уставен суд

-За да се повреди членот 9 од Уставот, неопходно е кумулативно исполнување на двата услова – сите субјекти да се наоѓаат во иста правна и фактичка состојба и доколку со едните се постапува на поинаков начин, а се постапува на поинаков начин, а се во иста правна и фактичка состојба, тоа значи повреда на принципот на правда и еднаквост. во овој случај за тоа не може да стане збор.- Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд

Костадиновски информираше и дека е запрена постапката за измените на кривичниот законик. Вели дека судот откако изразил сомнеж за формалната и материјална уставност и на Собранието му бил даден рок кој бил пробиен за неколку месеци. Според него, или ќе се заложиме за владеење на правото или ќе глумиме правна држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности.

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер