Други спортовиУспешно завршија четвртите Мини олимписки игри во СкопјеСо извонредна атмосфера и силен натпреварувачки дух, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје успешно се заокружија четвртите по ред Мини олимписки игри. Овој масовен спортски настан обедини вкупно 480 ученици и 40 наставници од четири скопски основни училишта, промовирајќи ги на дело вистинските олимписки вредности – почитта, пријателството и стремежот кон извонредност. Дел од овогодишното успешно издание беа учениците од следните основни училишта: ООУ „Ацо Шопов“ – Бутел ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево ООУ „Дитурија“ – Сарај ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ – Шуто Оризари Игрите минаа во знакот на фер-плејот и тимската игра. Младите спортисти покажаа висок степен на заедништво на теренот, додека трибините сведочеа за позитивната енергија и безрезервната меѓусебна поддршка. Покрај спортското натпреварување, настанот се истакна и со својата силна општествено-одговорна и едукативна компонента. Имено, на сите четири училишта-учеснички им беше врачена донација од МОК во вид на нова спортска опрема, како и материјали за другите наставни предмети. Целта на оваа иницијатива е континуирано подобрување на условите за учење и севкупен развој на учениците. Мини олимписките игри уште еднаш се потврдија како значајна платформа за поттикнување здрави животни навики кај младите генерации. Настанот испрати моќна порака дека спортот претставува универзален јазик кој ги обединува младите луѓе, создавајќи позитивни искуства и трајни вредности кои имаат долгорочно влијание, многу подалеку од спортските терени.Тагови: Мини олимписки игри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:27
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
МакедонијаКако до високо образование според потребите на економијата?Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат.Македонија не треба повеќе да произведува кадри кои само ќе го зголемуваат бројот на бирото на невработени и млади кои ги подготвува за професии кои реално исчезнуваат – на земјата и требаат практичари а не само теоретичари порачаа учесниците на денешната конференција која се одржа во Стопанска комора, насловена од диплома до компетенции... Универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во својот вовден говорсо порака - не смееме веќе да штанцаме програми кои не се тесно поврзани со реалниот пазар, вели високото образование ќе треба да стане партнер на економијата и мотор на развој. „Долго време ние во високото образование меревме успех со бројот на запишани студнти, издадени дипломи и факултети. Но денес мора искрено да признаеме на економијата не и требаат само дипломи и требаат знаење иновации, знаење, вештини и носечки кадри ...Нас ни треба реално нова генерација на инженери, ит експерти, машински електроинженери, енергетичари, значи ни требаат проактичари не само теоретичари... “- Марјан Ѓуровски – универзитетки професор. Учесниците на конференцијата децидни студиските програми мора да се креираат заедно со стопанството ако државата сака да оди напред. Од Стопанската комора потенцираа дека не смее академијата и бизнисот да живеатт во различни светови... „Нашите приоритети сега се образованието и инфраструктурата затоа што конечно сфативме без тоа не може да имаш конкурентен производ. А ако немаш конкурентен производ ќе ја изгубиш битката а ако имаш ќе се бориш на европските пазари...Продуктивноста која ни е на најниско ниво може да се реши само на еден начин со високопрофесионални луѓе со високи примања. Ако тоа не го направи Македонија си потпишала смртна пресуда...“ -Бранко Азески – претседател на Стопанска комора . Целта на денешната конференција беше да се отвори национален и регионален дијалог за трансфорамција на високото образовани во функција на економски развој, конкурентност, инвоации, како и создавање квалитетен кадар но и задржување на младите во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во ТиватЛидерите на земјите од Западен Балкан заедно со високи преставници на Европската унија, денеска се собираат во Тиват, Црна Гора, каде ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.Македонската делегациа ја предводи премиерот Мицкоски кои пред официјалните имаше средба со францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц. Со слика одиме во директно во Тиват, таму е колешката Афродита Рамос. Афродита, за почеток како поминали средбите на премиерот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе се набавуваа опрема за подобрување на хигиената во општинитеМакедонските општини ќе добијат 49 нови возила за подобрување на состојбата со хигиената, во вредност од 4,2 милиони евра, а со поддршка на Светската банка. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објасни дека станува збор за 19 мултифункционални возила за урбано одржување на хигиена, 9 специјализирани камиони и 21 машина за чистење улици. Тој најави и нови разговори со мисијата на Светската банка за идни проекти. Од овие возила, околу 40 ќе бидат наменети за Град Скопје, а како што посочи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градот дополнително ќе обезбеди уште четири нови возила, како и две претоварни станици кои ќе бидат поставени во Ѓорче Петров и Гази Баба, со што очекува значително подобрување на ефикасноста во транспортот и собирањето на отпадот. -Ова е најголем инвестициски циклус во општините ќе продолжиме во следниот период, веќе разговараме со Светска банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините,- - Александар Николоски – министер за транспорт. -Кога влеговме во град Скопје пред само 6 месеци затекнавме состојба од 16 возила, во моментов имаме од 50 до 60 возила на дневна основа кои се занимаваат со одлагање на смет, проблемот е што најголем дел од нив се стари. Очекуваме близу 40 возила за Градот Скопје од оваа набавка,- - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје. Дополнително, според најавите на Ѓорѓиевски, за околу еден месец во Скопје треба да пристигнат 2.600 нови контејнери. Градоначалникот посочи и дека во меѓувреме биле надминати дел од финансиските проблеми во ЈП „Комунална хигиена“, меѓу кои и неисплатени плати и високи трошоци за работење. -- На многу од микролокациите во главниот град знаете дека недостасуваат контејнери со години се непроменети, така да и тој проблем го решаваме и сметам дека од септември месец повеќе темата со отпадот нема да биде во јавноста третирана на начин како што беше до сега,- Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје. Николоски кажа и дека во рамки на проектот за локални патишта, а со подршка од Светската банка и ЗЕЛС, од јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра, при што се реконструирани 96 улици во 72 општини низ државата, а во тек е реконструкција на уште 31 километар патишта. Ѓорѓиевски пак најави дека во наредниот период ќе се инвестира и во развојот на велосипедската инфраструктура и пешачките патеки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook