ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
КошаркаУспешно заврши тренерската клиника на КФМ – Врвни предавачи, актуелни теми и рекордна посетеностВо организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошаркатКлиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ – човек кој остави неизбришлива трага во македонската и пошироко во југословенската кошарка. Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на младите играчи, односот тренер–родител–спортист, како и на најновите промени во кошаркарските правила. Посебна чест за македонската кошарка беше присуството на еден од најголемите европски тренерски авторитети, Светислав Пешиќ, кој своето огромно знаење и искуство го пренесе преку темите „Дефанзивна транзиција“ и „Позициона одбрана“. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Хосе Мариа Берокал, ја обработи темата „Офанзивна транзиција“, додека Саша Грујиќ преку две предавања се осврна на развојот на офанзивната тимска игра и индивидуалните офанзивни вештини во младинската кошарка, со посебен акцент на возраста од 10 до 18 години. Значаен сегмент од програмата беше посветен и на правилниот развој и самодовербата кај младите спортисти преку односот тренер–родител–спортист, а Судиската комисија при КФМ ги презентираше промените на официјалните кошаркарски правила кои стапуваат во сила од 1 октомври 2026 година. Квалитетот на клиниката беше неспорен, а најдобра потврда за тоа беше интересот и присуството на досега најголем број тренери од македонските клубови на еден ваков настан, како и на бројни други кошаркарски работници и љубители на играта. Особено радува фактот што во текот на двата дена салата „Лазар Лечиќ“ беше место на размена на знаење, искуства и идеи, но и место каде уште еднаш се почувствува силната поврзаност на македонската кошаркарска заедница. Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до сите предавачи кои несебично го споделија своето знаење и искуство, како и до сите тренери, кошаркарски работници и посетители кои со своето присуство придонесоа оваа тренерска клиника да добие вистинско значење и вредност. Големата посетеност, вниманието со кое беа проследени предавањата и интересот за сите обработени теми се уште една потврда дека во Македонија постои силна желба за постојано учење, усовршување и следење на современите кошаркарски тенденции. Но, пред сè, тие се потврда на нешто што за нас има посебна вредност: Кошарката во Македонија се почитува, се сака и има луѓе кои се подготвени постојано да вложуваат во нејзината иднина. КФМ и во иднина ќе продолжи со организација и поддршка на вакви едукативни настани, со јасна цел – унапредување на тренерската струка, создавање подобри услови за развој на младите кошаркари и континуирано подигнување на квалитетот на македонската кошарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организираноСДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии. Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ќе ја „држи“ цената на струјата со заем- сметката повторно ќе ја плаќаат граѓанитеУште едно задолжување. Ново.Арамијата Мицкоски пак излегува со истата трик-приказна. Сега преку ЕСМ сака заем од околу 33 милиони евра за батерии во Битола. Ќе ви каже: ова е за да не скокне струјата. Не е. Батериите не прават евтина струја. Ја ставаат струјата во склад и ја пуштаат подоцна. Како фрижидер за киловати. Тоа може да помогне на мрежата. Ама не ја плаќа вашата сметка. Заемот е долг. Долгот се враќа. ЕСМ веќе тоне - има загуба над 100 милиони евра, помалку домашна струја, поскап увоз. Кога државната фирма нема пари да го врати кредитот, го враќа државата. Државата ги зема парите од граѓаните: од данок, од сметка, од тоа што нема за плати и пензии. Денес велат - нема поскапување. Утре стигнува каматата. Цената не ја држат. Ја кријат во заем. ВМРО-ОКГ така работи со сè. Концерт - “нула денари“ за диџејот, па Лотарија плати 5,5 милиони евра. Сега струјата „ја држиме“, а граѓаните ќе ја враќаат - со 33 милиони плус камата. Ако сакаше евтина струја, ќе произведуваше дома. Ќе ја среди ЕСМ. Нема. Се задолжува. Нема бесплатни батерии.Има кредит. Има камата. Има банда што слави заем како грижа. Граѓанинот плаќа два пати - еднаш на бројило, втор пат кога се враќа заемот. Скопје, 16.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
БалканВо судот во Хаг почна изрекувањето на пресудата за Тачи, Красниќи, Весељи и Селими Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи.Судот во Хаг во 10 часот почна со изрекувањето на првостепената пресуда против четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК - Хашим Тачи, Кадрија Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото против најмалку 407 затвореници, од кои најмалку 102 беа убиени. Атмосферата во Хаг е напната - поддржувачите на ОВК ја чекаат одлуката пред судот. Во судницата се обвинетите, членовите на нивните семејства, кососвски министри, претседателот на здружението на поранешни членови на ОВК Хисни Гуцати, како и пратеници од демократската партија на косово.изрекувањето на пресудата, како што е најавено, ќе трае два часа, од 10 до 12 часот. Обвинителството во завршните зборови побара 45 години затвор за обвинетите Тачи, Красниќи, Селими и Весељи. Обвинението ги товари врз основа на индивидуална кривична одговорност за шест точки за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook