Успешно реализирано Светското првенство во ракомет за жени – кадетки „Македонија 2014“ - Канал 5

Успешно реализирано Светското првенство во ракомет за жени – кадетки „Македонија 2014“

Светското првенство во ракомет за жени –кадетки „Македонија 2014“ мина во најдобар ред, како организациски така и на спортски план, благодарение на работата што ја сработи Ракометната федерација на Македонија. Одлуката Македонија да биде домаќин се покажа како одлична, првенството беше реализирано на врвно ниво.

Успешно реализирано Светското првенство во ракомет за жени – кадетки „Македонија 2014“
Тоа се оценките на Светската ракометна федерација по однос шампионатот што изминатите 15 дена се одржуваше во Македонија, а чија завршница е предвидена за попладнево.

Санди Шола, заменик-претседателот на Светската ракометна федерација, на денешната завршна прес-конференција на шампионатот одржна во Охрид, истакна дека особено радува што воопшто немало забелешки од страна на играчите и тимовите учесници на првенството, што е впрочем и најважниот дел од организацијата на вакви спортски настани.

- Сето тоа не прави мошне задоволни и во целост се остварени нашите очекувања. Задоволни сме од презентираниот ракомет, со настапите на тимовите, видовме мошне добар ракомет. Оттаму уште еднаш благодарност до сите вклучени во организацијата, со уверување дека наскоро повторно ќе се видиме во Македонија на некое слично натпреварување, истакна Шола.

По однос судискиот дел од првенството претставникот на Судскиот одбор на ИХФ Манфред Краус истакна дека огромно е задоволството што во сите досега одиграни 98 натпревари немало ниту една официјална забелешка на начинот на кој е делена правдата на терените.

Живко Мукаетов, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, појасни дека за Светското првенство работел проширен организациски тим, составен од над 800 гости, како учесници, делегати, судии и официјални лица.

- Учествуваа 24 репрезентации, одиграни се сто натпревари, релаизирани се над 400 тренинзи на тимовите кои играа на шампионатот. Имаме букирано над 9500 хотелски пансиони, луѓе кои по основ на првенството беа тука во Македонија. Самото првенство се реализираше во три града, со координатори во секој од нив и со по 40 лица задолжени како технички персонал на терен, сто лица во локалните организациски комитети, истакна Мукаетов.

Според него, доста е важно, што на првенството се забележни бројни посети на веб-стрницата од над 35 илјади влеза, над 13 илјади користени содржини и над десет илјади влеза на лајв-стимовигте, односно луѓе кои преку Интернет ги следеле натпреварите од првенството.

- Се надевам дека сработеното придонесе за дополнителна афирмација на Македонија, дека се покажавме како добри домаќини, како земја, ракометна федерација која знае да организира вакви настани и сме сподготвени и во иднина да организираме слични натпревари, истакна тој.

Финалните натпревари од Светското првенство во ракомет кадети – жени ќе се одиграат попладнево во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, со почеток од 14:30 часот и натпреварот за трето место меѓу репрезентациите на Црна Гора и на Данска, додека победникот на шампионатот ќе биде познат по финалниот натпревар меѓу Романија и Германија што е програмата од 17 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Најостро демантирам дека сум сопственик, содружник или лице со специјални овластувања во компанија која добила државен тендер од било која државна институција, ниту во време на Влада на СДСМ, ниту сега. 

Ќуркчиев со демант на наводите на Филипче: Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд

Јас сум пензионер, кој како машински инжењер има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија. Компанијата која за дневно политички цели ја споменува Венко Филипче е странски инвеститор кој отворил фабрика во Македонија во 2019 година кога Зоран Заев е премиер. За ова мое тврдење го ставам целиот свој личен кредибилитет и одговорност. Недостатокот на демократски капацитет да се слушнат политички критики не се покрива со дрски манипулации. Ако не му кажале на Филипче, јас сум основач на СДСМ и носител на партиската книшка број 17.

Погрешно се пресметал дека може мене да ме претстави како нов вмроовец. Барам јавно извинување доколку не го стори тоа ќе мора да ги докажува измислените лаги на суд, се наведува во демантот на Никола Ќуркчиев, поранешен генерален секретар на СДСМ.

Ќуркчиев реагира на наводите на Филипче во емисијата „Само интервју“ , во кое наведе дека тој годинава добил тендер од 1,6 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Геолозите открија два големи извори на вода под кинеската пустина Синџијанг. 

Под пустината во Кина се пронајдени големи извори на вода

Откритието би можело да му обезбеди на северозападниот регион вреден нов ресурс за проекти за контрола на песок и земјоделство, објавија кинеските медиуми.

Пустинскиот регион привлече внимание поради обемните напори за пошумување и опустинување на неговите периферии како дел од иницијативата „Голем зелен ѕид“, како и промените во врнежите што го трансформираат сушниот западен дел од Кина, објави SCMP.

Откритието на подземните води е направено за време на проект за пребарување вода во пустината Такламакан, спроведен од локалното геолошко истражување во автономниот регион Синџијанг Ујгур.

Наодите го оспоруваат општоприфатеното мислење дека под површината на пустината лежи само застоена и солена вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Соединетите Американски Држави наскоро ќе отворат воена база во Полска, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена база во Полска“, напиша тој.

Недолго потоа, неговата објава беше споделена од Белата куќа на официјалниот профил на мрежата X.

Оваа објава следи по претходните информации дека САД ќе го намалат бројот на своите војници стационирани во Германија. Дел од тие сили треба да го зајакнат источното крило на НАТО во соседна Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер