Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост
2Случај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливост
МакедонијаУспешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во УнгаријаПо повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски.По повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски, каде пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори. Воведни обраќања на настанот имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија, Јанос Бока, кои ја истакнаа важноста од унапредување на економската соработка и продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Премиерот Мицкоски нагласи дека директната комуникација меѓу компаниите е клучна за создавање нови деловни модели, за отворање пазари и за генерирање одржлив економски раст. Во таа насока, премиерот Мицкоски упати јасна порака до деловната заедница дека Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нудејќи поволни услови, стратешка географска позиција и квалификувана работна сила. Тој ги охрабри унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјата, но истовремено потенцираше дека македонските компании се подготвени да ги прошират своите активности и на унгарскиот пазар. Во своето излагање, директорот Димовски се осврна на поволната бизнис клима, конкурентните услови за инвестирање и активната институционална поддршка што им се обезбедува на компаниите во технолошко индустриските развојни зони. Тој посочи дека државата нуди стабилна и предвидлива деловна средина, како и конкретни механизми за поддршка во сите фази од инвестицискиот процес. Посебен акцент беше ставен на потенцијалите за понатамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и на можностите за реализација на нови инвестиции, особено во сектори со висока додадена вредност. Дополнително, во рамки на настанот беа реализирани и повеќе директни средби со компании, при што беа разменети информации и иницирани конкретни можности за идна соработка, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВенеција ќе наплатува по 50 евра за влез во градот, одлуката за правниците е незаконска Предлогот на новиот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини, за можно значително зголемување на цената на билетите за еднодневните излетници во тој северноиталијански град предизвика дискусии, пишува денес агенцијата ДПА.„Ако во моментов таа цена е помеѓу 5 и 10 евра, мојот предлог е да се зголеми на помеѓу 30 и 50 евра во одредени денови“, ги објави неговите зборови весникот „Кориере дела Сера“. Вентурини победи на локалните избори кон крајот на мај како кандидат од десниот центар, наследувајќи го Луиџи Бруњаро, кој ја извршуваше функцијата градоначалник десет години. Оваа година, Венеција им наплаќа на посетителите што престојуваат во градот краткорочна влезница од 10 евра за вкупно 60 дена, до крајот на јули, дури и ако поминат само неколку часа на улиците околу плоштадот „Свети Марко“ и мостот Риалто. Оние што резервираат најмалку три дена однапред плаќаат 5 евра. Целта на таквата мерка е да се ограничи масовниот туризам, но критичарите веќе некое време тврдат дека сегашната цена на билетите не ги одвраќа туристите да ја посетат Венеција. Адвокат: Тоа може да се протолкува како ограничување на слободата на движење За време на изборната кампања, Вентурини предложи зголемување на цената на билетите во одредени денови кога се очекува особено голем број еднодневни посетители. Но, тој нема овластување самостојно да ја зголемува цената на билетите. Иако таксата е воведена во согласност со општинската уредба, горната граница е одредена од националното право. Затоа, Вентурини мора да се консултира со владата во Рим. Специјалистот за уставно право Лудовико Мацароли наведе одредени законски пречки за „Кориере дела Сера“, велејќи дека наплатата на билет од 50 евра може да се протолкува како ограничување на слободата на движење.Тагови: венеција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар: Забрзаниот влез на Украина во ЕУ би бил неправеден кон Западен БалканЗабрзаното членство на Украина во Европската Унија би било неправедно кон земјите од Западен Балкан, кои со години се во пристапниот процес, изјавил унгарскиот премиер Петер Маѓар пред почетокот на состанокот на Европски совет во Брисел.Маѓар нагласил дека проширувањето треба да се заснова на резултати и исполнети критериуми, а не на политички одлуки. Тој оценил дека не треба да се забрзува пристапувањето на одделни кандидати на сметка на државите од Западен Балкан, бидејќи тоа како што изјавил, не би било ниту праведно ниту прагматично. Според Маѓар малку е веројатно сите земји членки да имаат ист став по ова прашање, но нагласил дека Унгарија ќе ги застапува сопствените интереси во преговорите за идното проширување на ЕУ.Тагови: Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Црна хроникаСлучај ФФМ: Три лица, меѓу кои и Ѓорѓиоски во ефективен притвор, пет во куќен, а четворица со мерки на претпазливостЗа аферата во ФФМ предмалку со соопштение се огласија од Кривичниот суд од каде потврдија дека завршиле исказите на осомничените за случајотОд спроведени 12 лица, мерка притвор добиле три лица, 5 одат во куќен, за четворица се определени мерки за претпазливост, додека 5 лица се сѐ уште недостапни за органите. Според истите информации меѓу оние кои оди во ефективен притвор е и поранешниот претседател на ффм, Илчо Ѓорѓиоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook