Успешно било тестирањето на вакцината против коронавирусот врз руски војници – доброволци

Русија се подготвува да ја испорача вакцината против коронавирусот на глобалниот пазар, откако воените здравствени експерти денеска известија дека тестовите извршени врз војници- волонтери  биле успешни.

„Не беа забележани компликации или несакани ефекти“, објави рускиот армиски весник Краснаја Звезда.

Русија планира да ги заврши клиничките испитувања до крајот на следниот месец.

За време на викендот, министерот за здравство Михаил Мурашко објави дека Русија се подготвува да ја продава новата вакцина и друга медицинска опрема на глобално ниво.

„Русија е подготвена да го снабдува глобалниот пазар со лекови кои ќе дејствуваат директно на вирусот, вклучително и лекови за терапија на „цитокинска бура”, тестови за вирусот и вакцини“, изјави Мурашко за државната новинска агенција ТАСС.

Во последните месеци Русија е во трка да развие вакцини што е можно поскоро за лекување на коронавирусот што е можно поефикасно, бидејќи бројот на случаи во земјата се искачи на таков степен што Русија е на третото место во светот, веднаш зад САД и Бразил.

До денес, во земјата се пријавени повеќе од 640.000 заразени со коронавирус, а повеќе од 9000 смртни случаи биле директно поврзани со ефектите на ковид-19.

До неодамна, карантинот бил на сила во повеќето руски региони, но ограничувањата, што ја уништија економијата, беа укинати по првите знаци на намалување на бројот на заразени.

Мини лабораторија и повеќе стебла марихуана пронајдени во Визбегово, приведени три лица

Три лица се приведени вчера попладнето во операција на полицијата во Визбегово, во чии рамки е пронајдена мини лабораторија за производство на масло и повеќе стебла марихуана.

По претходно добиени оперативни сознанија, Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје, извршила претреси во дом и други простории на 38-годишен скопјанец.

При претресот во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

Како што информираат од МВР, при тоа затекнати се и други две лица од кои едното, било затекнато при обработка на марихуаната. Извршени се претреси и во друга куќа, каде била пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис..

Двајца полицајци тешко повредени од дрвокрадци, приведени се 4 лица

До сега се приведени 4 лица,информираат за Канал 5 од Министертвото за внатрешни работи, запленети биле две возила со дрва, кои не биле легално исечени. 

Инцидент со дрвокрадци во околината на„Степанци,, во кој се повредни петмина полицајци, двајца потешко, тројца полесно настанот се случил синоќа на стариот пат селото Извор -Прилеп во атарот на селото Степанци, откако дрвокрадци ја нападнале патролата од пет полициски службеници од полициската станица Чашка .

До сега се приведени 4 лица,информираат за Канал 5 од Министертвото за внатрешни работи, запленети биле две возила со дрва, кои не биле легално исечени. На местото на настанот била екипа на итната помош. Првичните информации се дека две лица се потешко повредени, а едниот од нив, поради тежината на повредата е итно пренесен на Ургентен во Скопје.

Кај едниот пациент има повреда на глава ,а другиот е повреден во стомакот. Дадена е прва помош и веднаш се префрлени на хируршкото одделение од велешка болница – информирашеза локалните медиуми д-р васе пановска, портпарол на итната помош.

Припадник на Алфите треба да сведочи во случајот „Монструм"

 Последните сведоци предложени од одбраната во случајот „Монструм” денеска во Кривичниот суд Скопје, е предвидено да го дават својот исказ. 

Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица Алфи. Со завршување на ова фаза следува подготвителен период за завршни зборови.

Повторувањето на судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012 го води судиската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани. Додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

притисни ентер