3ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
КултураУспешна година на МНТМакедонскиот народен театар успешно ја заврши 2019 година со изведени повеќе од 240 претстави и настани, посетени од над 84.500 гледачи.На големата и малата сцена се реализираа 5 (пет) премиерни изведби и тоа: „Макбет" во режија на Нела Витошевиќ, „Мој термин" на режисерот Синиша Евтимов, „Бесачи" на бугарскиот режисер Јавор Грдев, „Најкратки драми на светот" во режија на Трајче Ѓоргиев и „Отело" во режија на Нина Николиќ, стои во соопштението од МНТ. По повод 74. годишнината од првата премиера на сцената на Македонски народен театар - Скопје, на 3 април 2019 г., во фоајето на театарот, беше отворена изложбата насловена „Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ". Изложбата е се уште активна и актуелна и секојдневно ја посетуваат голем број посетители, меѓу кои студентите и учениците на основните и средните училишта. Освен големата посетеност од страна на домашната публика во МНТ, изведбите на претставите ги следеше и театарска публика надвор од државата. МНТ реализираше поголем број гостувања меѓу кои се издвојуваат : „Разговори во четири очи" која гостуваше на НИТ Фест, Шилпи театар во Катманду и на Паралел фестивал, Театарот во Покхара – Непал; комедијата „Кец на десетка" во месец октомври 2019 г. беше изведена на Меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас", кој се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов" во Виница; а во рамките на 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински" во Прилеп, МНТ гостуваше со претставите „Макбет" и „Силјан Штркот шанца". Претставата „Макбет" од Вилијам Шекспир, а во режија на Нела Витошевиќ, пред прилепската публика се одигра на отворањето на фестивалот (во официјалната натпреварувачка програма), на 7-ми јуни 2019 година. На затворањето на фестивалот, на 15-ти јуни 2019 г., a во чест на наградените, каде „Макбет" ги доби наградите за костимографија и сценографија, се одигра и претставата „Силјан Штркот шанца", по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. На големата сцена во МНТ гостуваше „Будење", во изведба на Guangdong Song & Dance Theater – Народна Република Кина, потоа „Зона Замфирова", мјузикл на Позориште на Теразијама, Р. Србија, Српско народно позориште од Нови Сад со претставата „Духот кој оди (Патот на Прометеј)", поставена според текст на Дејан Дуковски во режија на Александар Поповски, и претставата „Ноќ на боговите" по текст на Миро Гавран, во режија на Марко Манојловиќ, а во изведба на Војин Ќетковиќ, Дејан Луткиќ и Небојша Илиќ како и традиционалниот Јапонски „НО" Театар Јамамото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаМакедонка осудена во Австралија за убиство Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност. Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари. Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПензионер од Охрид се заканувал со пиштол за паркинг место 73 годишниот охриѓанец ќе одговара за две сериозни крвична дела, откако му вперил пиштол на турист од Скопје по расправија за паркинг место. Охриѓанецот немал дозвола за поседување на оружје, соопшти СВР Охрид.. „ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на 73 години од охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.08.2026 во зграда на улица „асном“ во охрид, пријавениот вперил пиштол кон лице од скопје со кое претходно имал расправија за паркинг-простор“, соопштија од охридската полиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министерВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки. Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил. Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана. Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција. Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05