Успешен ракометен викенд - Канал 5

Успешен ракометен викенд

Зад нас е уште еден успешен ракометен спортски викенд. Машката репрезентација на Македонија со ремито на гости кај Чешка направи голем исчекор во обезбедување на пласман на европското првенство во 2016 година во Полска. Додека женскиот тим на Вардар потешко од очекувањата славеше кај Подравка во рамки на Лигата на шампиони.

Успешен ракометен викенд

Македонската машка ракометна репрезентација вчера против Чешка покажа дека се уште има сили и квалитет да игра на највисоко ниво. Момците на селекторот Ивица Обрван презентираа две лица во двете полувремиња, но ќе остане запаметен конечниот резултат 27-27.

Македонија во вторите 30 минути се врати од негатива од седум голови, а можеше и да го добие натпреварот. Со овој бод освоен во Чешка, нашите ракометари направија голем чекор кон обезбедување на втората позиција во групата 6.

Кире Лазаров уште еднаш докажа дека е вистински лидер на оваа репрезентација, а со вкупно 23 гола на два натпревари е најдобар стрелец во квалификациите. До конечен пласман на идното Европско првенство има да се игра уште доста, но со победата против Швајцарија дома и ремито од гостувањето кај Чешка сме на добар пат кон Полска. Евроквалификациите ќе продолжат на 29 април идната година, а Македонија ја пречекува Франција.

Жрк Вардар дојде до втората победа во групата Б во Лигата на шампионите на гостувањето кај Подравка. „Црвено-црните“ повторно не одиграа на потребното ниво, но на крајот се бројат бодовите, а не играта. Вардарки покажаа дека големите тимови знаат да победуваат и кога играат слабо и не дозволија изненадување во Копривница. Во 4.коло во недела Варадар ја пречекува Подравка и со евентуален нов триумф речиси ќе го завери пласманот во следната фаза, а потоа против Турингер и Будуќност ќе се бори за што подобра позиција во групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важи

Марсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.

Видео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важи

Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден.

Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди!

Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен.

Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд.

Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд.

Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк.

Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња.

Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.

Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. 

Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.

Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест.

Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест.

Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули.

Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега.

„Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“.

Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето.

Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија

Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.

Фото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија

Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, откако на социјалните мрежи даде силна поддршка за својата родна Колумбија за време на Светското првенство.

Атрактивната актерка е позната како голем навивач на „Лос Кафетерос“ и како таква не ги пропушта настапите на националниот тим на својата земја на Светското првенство.

Пред еден од натпреварите на Колумбија на Мундијалот, Вергара упати порака за поддршка до колумбиските фудбалери преку социјалните мрежи, објавувајќи на Инстаграм фотографија во карактеристичниот жолт дрес на својата репрезентација со пораката:

„Колку е возбудливо ова!!!! Подготвена за вечерва!!!!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер