3Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
ЖивотУсогласени правила на ЕУ за спречување на злоупотребата на кучињата и мачкитеСтанува збор за прв законски текст што на ниво на ЕУ утврдува стандарди за одгледување, сместување, регистрирање, увоз и згрижување на мачки и кучиња.Претставници на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ синоќа постигнаа договор околу Предлог-законот на Унијата кој воспоставува правила за спречување на злоупотребите, ограничување на суровите деловни практики и заштита на здравјето на мачките и кучињата. Станува збор за прв законски текст што на ниво на ЕУ утврдува стандарди за одгледување, сместување, регистрирање, увоз и згрижување на мачки и кучиња. Со законот се предвидува на кучињата и мачките во ЕУ да им се вградуваат микрочипови и тие да бидат регистрирани во интероперабилни национални бази на податоци. Продавачите, одгледувачите и засолништата на животни ќе имаат рок од четири години да почнат да ги применуваат овие правила, додека за сопствениците на кучиња тој „грејс период“ ќе важи во следните 10 години, а на мачки – 15 години. Исто така, се забранува размножување на мачките, односно кучињата, со нивните потомци, со потомците на нивните потомци, како и меѓу самите потомци. Законот забранува дресирање или одгледување на кучиња или мачки на начини кои би довеле до ризици по нивното здравје, нивно врзувањето за предмет, освен кога тоа е потребно за медицински третман, како и употреба на огрлици без вградени безбедносни механизми. Кучињата и мачките увезени во ЕУ од трети земји заради продажба, ќе мора да бидат чипирани уште пред нивниот влез во Унијата, а потоа и регистрирани во националната база на податоци. Сопствениците на домашни миленици што се носат во ЕУ ќе бидат обврзани од претходно да го регистрираат своето чипирано животно во базата на податоци најмалку пет работни дена пред влегувањето во Унијата. За да стапи во сила Предлог-законот, кој Комисијата го предложи во декември 2023 година, сега треба да биде одобрен и од Европарламентот и од Советот на ЕУ. Според статистичките податоци, 44 отсто од жителите на ЕУ имаат домашни миленичиња, а 74 проценти од нив веруваат дека благосостојба на овие животни треба да биде подобро заштитена. Во последните неколку години се бележи значително зголемување на обемот на трговијата со кучиња и мачки во ЕУ, од која годишно се остварува промет од околу 1,3 милијарди евра. Според Комисијата, околу 60 отсто од сопствениците на кучиња или мачки ги купуваат своите миленичиња преку интернет, во отсуство на стандарди за благосостојба на животните во земјите на ЕУ. Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите му веруваат на ПутинОколу седум од 10 Руси му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин и ја оценуваат позитивно неговата работа, покажаа две анкети на руските истражувачки центри ВЦИОМ и ФОМ.Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9 проценти не го одобруваат. Слични резултати покажа и анкетата на ФОМ. Околу 70 проценти од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин, додека 17 проценти не му веруваат. Ист процент, 70 проценти, веруваат дека Путин добро се однесува како претседател, додека 14 проценти имаат спротивно мислење. Разлики се забележани во оценката на работата на владата. Според ВЦИОМ, 45,2 проценти од испитаниците ја одобруваат нејзината работа, додека 24,2 проценти не ја одобруваат. ФОМ забележа дека 45 проценти од Русите веруваат дека владата добро си ја врши работата, додека 34 проценти ја оценуваат нејзината работа негативно. Кога станува збор за рускиот премиер Михаил Мишустин, 55,3 проценти од испитаниците во анкетата на ВЦИОМ изразиле доверба во него, додека 49 проценти од граѓаните ја оцениле неговата работа позитивно, според ФОМ. И двете анкети покажаа дека Единствена Русија би била убедливо најпопуларната партија доколку изборите за Државната дума се одржат следната недела. Според ВЦИОМ, 39,2 проценти од испитаниците би гласале за неа, а според ФОМ, 32 проценти. Анкетата на ВЦИОМ е спроведена од 17 до 23 август меѓу 1.600 возрасни испитаници, со маргина на грешка од 2,5 проценти. Анкетата на ФОМ е спроведена од 21 до 23 август меѓу 1.500 испитаници, со маргина на грешка до 3,6 проценти. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПочина норвешкиот крал Харалд ПеттиКралот на Норвешка, Харалд Пети, почина на 89-годишна возраст, една недела откако беше примен во болница на лекување поради ретка крвна состојба, потврди претседателската палатата.По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарен и реформски монарх кој ја модернизираше круната и служеше како обединувачка фигура во најтешките моменти за Норвешка. Кралските набљудувачи велат дека бил приземјен, почитуван и омилен, честопати опишуван како „дедо на нацијата“ и „народен крал“, титула која му се припишуваше и на неговиот татко, кралот Олав Пети. Тој ќе биде наследен од неговиот син Хокон, кој има 53 години. Според норвешкиот уставен систем, промената на монархот настапува веднаш и нема класична церемонија на крунисување.Тагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40