Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЕкономијаУсогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУПретставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија.Согласно договореното, Регулативата предвидува правно обврзувачка постепена забрана за увозот на течен природен гас (ЛНГ) и природен гас од Русија во земјите на ЕУ, што ќе започне шест недели по стапувањето во сила на актот. Преодниот период до целосна забрана на увозот на ЛНГ е до крајот на 2026 година, а на природниот гас до есента 2027 година. Според данскиот министер за клима, енергија и комунални услуги Ларс Агард, чија земја претседава со Советот на ЕУ, договорот претставува голема победа за Унијата и за цела Европа. - Мораме да ставиме крај на зависноста на ЕУ од рускиот гас, а неговата трајна забрана е голем чекор во вистинската насока. Многу сум задоволен и горд што успеавме толку брзо да постигнеме договор со Европскиот парламент. Тоа покажува дека сме посветени на зајакнување на нашата безбедност и заштита на нашето снабдување со енергија, изјави Агард по завршувањето на состанокот. Се проценува дека оваа Регулатива, која важи за централен елемент на иницијативата „РЕПауерЕУ“, ќе резултира со ставање крај на зависноста на ЕУ од руските енергенси, ќе има значителни ефекти врз европскиот енергетски пазар, правејќи го отпорен и независен, и воедно ќе осигура безбедност во снабдувањето со енергија на Унијата. Регулативата предвидува целосната забрана за увозот што се врши врз основа на краткорочни договори за снабдување склучени пред 17 јуни 2025 година, да стапи во сила на 25 април 2026 година за ЛНГ и на 17 јуни 2026 година за природен гас. Увозот регулиран со долгорочни договори ќе биде целосно забранет од 1 јануари 2027 година за ЛНГ и од 30 септември 2027 година за природниот гас. Овој краен рок би можел да биде продолжен најдоцна до 1 ноември 2027 година во зависност од исполнување на целите за полнење на складиштата за гас. Регулативата ги обврзува сите земји членки на ЕУ да ја известат Комисијата во рок од еден месец од стапувањето во сила на Регулативата дали имаат договори за снабдување со руски гас или национални законски забрани. Земјите членки се обврзани да изработат национални планови за диверзификација во кои ќе бидат наведени мерките за диверзификација на нивните испораки на гас и потенцијалните предизвици, со цел навремено да прекине целиот увоз на гас од Русија согласно предвидените рокови. Посебни национални планови за диверзификација треба да подготват земјите членки кои сè уште увезуваат руска нафта, со цел да прекине и тој увоз. Регулативата ќе биде придружена со изјава на Комисијата за намерата да поднесе законски предлог за постепено укинување на увозот на руска нафта во ЕУ најдоцна до крајот на 2027 година. Со постигнатиот договор се воведуваат и одредби за ефикасни, пропорционални и одвраќачки казни за непочитување на мерките утврдени во Регулативата, вклучително и максимален праг за казни и за компаниите и за физичките лица. Во првичниот предлог на Европската комисија не постеја вакви одредби. Во Регулативата постои и клаузула за суспензија, која дава можност за привремено суспендирање на нејзината примена во случај на „ненадејни случувања што ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со енергија на една или повеќе земји членки“. Постигнатиот договор сега ќе треба да биде одобрен од Европарламентот и Советот на ЕУ, по што Регулативата ќе стапи во сила откако ќе биде објавена во Службениот весник на ЕУ. Според најавата, Европскиот парламентот ќе гласа за усвојување на Регулативата за време на пленарната седница закажана за од 15 до 18 декември. Тагови: гас руски гас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДржавниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во БукурештНа 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа. На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација. Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал. Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар. Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал. Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.Тагови: Сашо Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска МакедонијаГо враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува. Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter