Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“
2Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
БалканУсогласен Механизмот за финансирање на Планот за раст на Западниот Балкан Овие средства ќе претставуваат надополнување на постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3), со што значително ќе се зголеми финансиската помош од ЕУ за државите од Западниот Балкан. Претседателството на Советот на ЕУ и претставници на Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, која е централен инструмент за финансиска поддршка на Планот за раст на регионот што го промовира Еврокомисијата во ноември 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. Со овој инструмент се обезбедуваат финансии за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кои ќе опфатат две милијарди евра грантови и четири милијарди евра позајмици за земјите од регионот, вклучително и најмалку 800 милиони евра за Македонија. Овие средства ќе претставуваат надополнување на постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3), со што значително ќе се зголеми финансиската помош од ЕУ за државите од Западниот Балкан. Како што соопшти денеска Европската комисија, Механизмот ќе им пружи поддршка на партнерите на ЕУ од Западен Балкан во спроведувањето на реформи поврзани со приближувањето кон Унијата и ќе го стимулира нивното економско поврзување со блокот, врз основа на амбициозните реформски агенди. - Механизмот, исто така, ќе промовира усогласување на партнерите со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ со цел нивно идно членство во Унијата, додава ЕК во соопштението. Согласно процедурите на ЕУ, договорениот текст на Регулативата за воспоставување на Механизмот сега треба да биде одобрен од Европскиот совет и од европратениците. Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот за раст на Западниот Балкан, чија цел е поттикнување на демократскиот, економскиот и социјалниот напредок на земјите од регионот аспиранти за членство во ЕУ, промоција на поголема регионална соработка и стабилност и постепеното приближување на овие држави кон структурите на Унијата. Основна премиса на идејата на Еврокомисијата при предлагањето на Планот беше целосната убеденост во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан - Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и потребата од зајакнување на блиските културни, историски и географски врски и меѓусебната соработка во голем број важни области. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младитеТешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање.Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, како и потребата од координиран институционален одговор. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека младите не се само иднината, туку и сегашноста, а нивното активно учество во општеството е предуслов за подобро разбирање, навремено спречување и решавање на проблемите врзани за насилството. За неа, вистинското, а не виртуелното дружење, непосредната, а не дигиталната комуникација имаат незаменлива вредност, а љубовта, почитта и мировната култура се учат од најрана возраст. Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проблемите мора да се решаваат во сегашноста, со посилен фокус на превенцијата, безбедната училишна средина и подготвеноста на наставниот кадар да ги препознава новите форми на агресија. Таа нагласи дека промената на менталитетот е долг процес во којшто мора да учествуваат сите општествени чинители. Владимир Караев, претседател на „Рубикон“, коешто ја практикува театарската техника „форум театар“ предупреди на влијанието на пасивните сведоци, укажувајќи дека насилството добива сила кога има публика. Тој повика на нулта толеранција и проактивност, односно охрабрување на младите да реагираат. Младинската активистка Селма од Струга, зборуваше за врсничкото насилство мотивирано од етничката припадност и потребата од рано воспитување во духот на заемната почит, со порака дека различностите треба да бидат предизвик за учење едни од други, а не причина за поделби. Студентката и младинска активистка Ангела, нагласувајќи ја важноста на личната одговорност во градењето на меѓуврсничките односи, укажа дека социјалните мрежи нецелосно ја отсликуваат реалноста, па дигиталната комуникација честопати остава простор за погрешно толкување. Панелистите и учесниците во дебатата се согласија дека тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање. За сите, младите не се само иднината, туку и сегашноста, затоа мораме да градиме мировна култура.Тагови: Дебата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураУтре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија - LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува. Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори - Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“. Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл. Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22ри август. Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам. Фото: Јана ХунтроваТагови: АРТ ПОИНТ - ГУМНО 202 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија добива амбасадори во Атина, Будимпешта, Сараево, Осло и Каиро Поранешниот директор на ЈП „Градски паркинг“, Филип Пасху е избран за македонски амбасадор во Атина. Според неофицијалните информации тој е меѓу неколкутемина идни амбасадори за кои Владата неодамна дала зелено светло. Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. На позицијата беше само десетина дена пред да биде разрешен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска. Освен кусото искуство во јавното претпријатие, тој како магистер по економија, има и долгогодишно работно искуство во управување со многубројни меѓународни проекти. Покрај Пасху, како што објави „Слободен печат“, „амин“ од Владата добиле и Татјана Лопарски, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција за амбасадорка во Будимпешта и адвокатот Јасмин Калач за амбасадор во Сараево, кој во моментов е бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами во предметот „Пулс“ за трагедијата во Кочани. Другите двајца кандидати што неофицијално поминале на истата владина седница се Дритон Кучи за амбасадор во Осло и Елма Алторок за амбасадорка во Каиро. Одбрана на тезите во Собранието чекаат уште четворица амбасадори кои претходно биле избрани. Во Бугарија ќе замине Крум Ефремов, дипломат од кариера, кој беше амбасадор во Украина, а Габриел Атанасов од МНР, ќе биде амбасадор во Романија. Мухарем Јусуфи, на амбасадорското место во Стокхолм, додека во Приштина ќе не претставува Катерина Тодороска. Во моментов, според информациите, без амбасадор или генерален конзул се 24 дипломатско-конзуларни претставништва, а за 11 од нив се веќе избрани амбасадори. До крајот на месецов се очекува да заминат уште неколкумина. Илина Мангова во Лондон, Линда Салиеска Иљазовска во Хаг и Стојанче Китаноски во Канбера, Австралија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook