Условна казна за насилниците кои во Визбегово за нападаа новинарска екипа - Канал 5

Условна казна за насилниците кои во Визбегово за нападаа новинарска екипа

Судот им изрече условна казна на напаѓачите на екипата на Алсат телевизија. 

Условна казна за насилниците кои во Визбегово за нападаа новинарска екипа

Александар Николчев и Маја Караманова, кои претходно се изјаснија за виновни, ги прифатија обвиненијата во целост, се согласија со сите правни проценки и квалификации дадени од Обвинителството за нивните постапки на 9 јули.

Сопствениците на депонијата во Визбегово на денот кога истата гореше и токсично го загади градот Скопје тие ја нападнаа телевизиската екипа на Алсат.

„Маја Караманова и Александар Николчев се прогласени за виновни и им се изречени три години условна казна затвор, односно условна казна од 1 година и три месеци. Осудените се должни да ги почитуваат мерките, во спротивно условната казна ќе се спроведе како ефективна казна“, се наведува во пресудата на скопскиот кривичен суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц.

Избори во две германски покраини: Нов тест за ЦДУ на Фридрих Мерц

Околу четири милиони луѓе со право на глас денеска излегуваат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, што се смета за нов сериозен тест за канцеларот Мерц, по изборниот дебекл пред две недели на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на Обединетите нации, а раководството на неговата Це-Де-У вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати.

Особено неизвесна е ситуацијата за партијата на Мерц во Мекленбург-Западна Померанија, каде последните анкети покажуваат тесна трка меѓу Социјал-демократска апртија и екстремно десничарската алтернатива за Германија, додека Це-Де-У е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.. Во Берлин, пак, партијата на Мерц според анкетите е на второто место за германската левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција: Обвинувања за договарање со цел забавување на развојот на вештачката интелигенција.

Нова тужба против гигантите во областа на вештачката интелигенција

Постапката е покрената од четворица именувани тужители кои плаќаат претплата за предметните услуги за вештачка интелигенција.

Во петокот, пред суд во Калифорнија, САД, беше поднесена нова тужба во која се тврди дека водечките компании за вештачка интелигенција незаконски се координирале за да го забават развојот на технологијата за вештачка интелигенција.

Тужителите тврдат дека таквите постапки ги прекршуваат правилата за фер конкуренција, бидејќи корисниците кои плаќаат претплата за услуги како ChatGPT, Claude, Grok и Gemini можеби добиваат помала вредност за своите пари.

Според тужбата, клучниот момент на наводната координација се случил на 12 септември. Тогаш извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеи, објавил есеј во кој ја повикува целата индустрија да соработува за забавување на развојот на вештачката интелигенција и понатамошно зајакнување на безбедносните мерки.

Истиот тој ден, според тужителите, Сем Алтман од OpenAI, Елон Маск од SpaceX/xAI и Демис Хасабис од Google DeepMind одговориле позитивно на неговите предлози. Тужбата ја иницирале четворица именувани тужители кои се претплатени на спорните услуги за вештачка интелигенција.

Тие се стремат да го прошират случајот за да вклучат предложена национална класа на други претплатници во Соединетите Американски Држави.

Во тужбата се тврди дека договорот меѓу главните конкуренти за да се обезбеди развој на вештачка интелигенција „побавно отколку што конкуренцијата би диктирала“ има негативно - поточно, антиконкурентско - влијание врз корисниците.

Главниот адвокат на тужителите, Ник Роули, даде остри тврдења во врска со потенцијалните ризици поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

„Вештачката интелигенција брзо ќе излезе од човечка контрола и би можела да нè убие сите ако дозволиме безбедноста и протоколите на вештачката интелигенција да бидат регулирани од приватните, себични договори на најмоќните, профитни технолошки компании во светот“, рече Роули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворови

Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.

О. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворови

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад.

Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето. Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер